• Latest

Тевдовски: По една година значително подобрена состојбата во јавните финансии

June 10, 2018

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
The Europe House, London, photo by European Commission

Украина и иднината на Европа: Украински, британски и европски парламентарци се среќаваат во Лондон

September 6, 2026

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Воениот злосторник меѓу хашката пресуда и политичката митологија – анализа на Костовски

September 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Тевдовски: По една година значително подобрена состојбата во јавните финансии

June 10, 2018 12:09
in ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Подобрена е состојбата во јавните финансии во Македонија, а тоа го потврдија меѓународните финансиски институции и Европската комисија, вели министерот за финансии Драган Тевдовски, по повод една година од формирањето на Владата.

– За разлика од порано, граѓаните сега имаат контрола врз трошењето на државните пари, домаќински се троши, а инвеститорите и меѓународните финансиски институции ја вратија довербата во фискалната политика. Преку повеќе мерки се работи на подобрување на животниот стандард на граѓаните, истакнува Тевдовски.

Според него, по доаѓањето на Владата, граѓаните имаат увид во тоа каде им се трошат парите, преку низа мерки за унапредување на транспарентноста. – Една од првите мерки беше подготовката на Граѓански буџет. Со тоа јавните финансии станаа достапни и поразбирливи за граѓаните. Сега се објавуваат низа извештаи за извршување на буџетот, кои порано не се објавувале. Јавно достапни се договорите за јавни набавки на институциите, нагласува министерот.

Покрај увидот во тоа каде се трошат државните пари, јавноста сега има и активна улога во носењето на буџетот уште пред тој да влезе во владина процедура.

– За разлика од порано, државните пари сега се вложуваат во вистински работи. Се инвестира во  подобрување на животот на граѓаните. Сега парите не се фрлаат на панорамски тркала, на споменици, на фасади, на палми и жални врби. Сега се издвојуваат средства за клучните столбови на општеството – за повисоки плати во Армијата, здравството, образованието и детската грижа. Се издвојуваат повеќе средства за приближување до НАТО стандардите, за поддршка на домашните претпријатија и највисока сума досега за мерки за вработување, потенцира Тевдовски.

Тој укажува и дека Владата отплатила голем број од обврските оставени од претходната влада.

– Првпат по подолг период брзорастечкиот јавен долг е ставен под контрола. Првпат по девет години имаме намалување на јавниот долг на годишно ниво. Каматите по кои се позајмуваат средства сега се значително намалени. Повратот на ДДВ се одвива брзо и неселективно, што значително придонесува во подобрување на ликвидноста на фирмите, вели Тевдовски.

Зголемена е и довербата на инвеститорите. Кредитната рејтинг агенција Фич го подобри изгледот за рејтинг на Македонија. Довербата на инвеститорите се покажала и преку историски најниската каматна стапка на еврообврзницата и издавањето на 30 годишна обврзница.

Според Тевдовски, приоритет на Владата е подобрување на животниот стандард на граѓаните. Во таа насока е и една од првите мерки кои Владата ги донела и која се однесува на покачување на минималната плата.

– Зголемувањето на минималната плата доведе до покачување на платите на над 90.000 работници. Најважно, има висок раст на платите во најниско платените сектори. Но, не застануваме тука. Владата најави финансиска поддршка за покачување на платите. Државата ќе го поддржи растот на платите на работниците кои имаат просечна нето плата до 18.000 денари. Целта ни е да ја поттикнеме спиралата на плати, истакнува министерот.

Тевдовски во обраќањето подвлекува и дека Владата првпат има стратегија за реформи во јавните финансии, подготвена заедно со Европската унија, која содржи акциски план според кој се работи. (МИА)

Tags: Драган Тевдовскиедна годинајавните финансииподобрена состојбата
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ