• Latest

Османи: Владеењето на правото најважната придобивка за граѓаните од процесот на европски интеграции

June 11, 2018

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Османи: Владеењето на правото најважната придобивка за граѓаните од процесот на европски интеграции

June 11, 2018 15:41
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Владеењето на правото претставува фундамент во изградбата на современо ефикасно и демократско општество и е најважната придобивка за граѓаните од процесот на европски интеграции. Ова денеска го потенцира вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на средбата со експертите кои се дел од Оценската мисија организирана од страна на ЕУ.

На средбата, како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, Османи истакнал дека од особено значење за напредокот на Република Македонија е подобрување на судскиот систем, особено во делот на управните спорови во јавната администрација на централно и локално ниво.

Оценската мисија, како што се наведува во соопштението, има за цел да ја процени ефикасноста и ефективноста на системот на управно право во државата и тоа во два сегмента-во управната постапка и управните спорови. На средбата со која и официјално почнува оваа мисија присуствуваа и министерката за правда Рената Дескоска и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

– Имајќи предвид дека е потребен добро функциониран систем на управна правда за силно, независно и ефективно судство, претстојната мисија нуди одлична можност за да се процени системот на управно одлучување во Република Македонија, оценил Османи.

Оценската мисија ќе трае четири работни дена, по што ќе следи подготовка на конечен Извештај со препораки кои ќе бидат составен дел од реформските процеси.

(МИА)

Tags: Бујар ОсманиВлада на Република Македонијаевропски интеграцииевропски прашања
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ