• Latest

На Грујевски за „Трезор“ ќе му се суди во отсуство

June 28, 2018

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 12, 2026

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби на Claude поврзани со сајбер напади и ризици од создавање биолошко оружје

September 11, 2026
Кијив, 11 септември 2026 (фото извор: Национална полиција на Украина)

Руски терор врз Украина: Кијив под дронски напади, цивилни објекти повторно цел на агресорот

September 11, 2026
Фото: Скриншот

Трамп ветува „дивиденда“ од 5.000 долари, Венс го тестира патот кон Белата куќа

September 11, 2026

ЕУ бара транспарентни плати, но повеќето земји не го испочитуваа рокот

September 11, 2026
Илустрација: ВИ

Правосудството под политичка лупа

September 11, 2026
Пожарникар бара поддршка од уште десет спасувачи, Њујорк, 11 септември 2001 (фото извор: Wikipedia)

25 години од 11 септември: Денот што го промени светот

September 11, 2026

Меѓу сензацијата и реалноста: Предупредувањето од Anthropic е сериозно, но ВИ-апокалипсата не е утврден факт

September 10, 2026
Кијив, 9 септември 2026 (фото: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР: Двајца загинати на граничниот премин „Старокозаче“, повредени цивили во Кијив

September 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

На Грујевски за „Трезор“ ќе му се суди во отсуство

June 28, 2018 13:05
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Судечкиот совет со кој претседава судијката Џенета Бектовиќ на денешното рочиште за случајот „Трезор“ донесе решение на обвинетиот Горан Грујевски да му се суди во отсуство, со оглед дека Врховниот суд во Атина донел одлука против екстрадиција на обвинетиот и со истата е прекинат неговиот притвор и е пуштен на слобода. Во контекст на тоа Судот го зема во предвид и известувањето од СВР Скопје дека Грујевски не е достапен на органите на прогон.

По паузата Судот констатира дека се исполнети условите за одржување на главната расправа, со што почна судењето за овој предмет.

На обвинителна клупа во Кривичниот суд се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешен шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски и поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ.

Бранителот на Грујевски, Петар Василев побара писмено решение за одлуката, со цел да оствари прво на жалба.

Претходно, по исвршениот увид Судот констатира дека Врховниот суд во Атина донел одлука со која се прифаќа формално и суштински жалбата на обвинетиот и се одлучува против екстрадиција и да му се суди во ПЈРМ.

– Со истата одлука се прекинува неговиот притвор и тој ослободува од затвор, ако не се држи по друга причина. Судот констатира дека во причините се наведени обвинителните акти за „Таргет-Тврдина“ и „Трезор“, кажа судијката Бегтовиќ.

Обвинителот од СЈО, Артан Ајро рече дека по одлуката и изнесувањето на адвокатот Горан Грујевски дека е слободен граѓанин го повлекува предлогот за одвојување на постапката и побара да му се суди во отсуство.

Адвокатот Василев, на ова реагираше дека предлогот е преуранет со оглед дека екстрадициската постапка не е целосно завршена.

– Одлуката не значи и завршување на постапката за екстрадиција. Таа завршува со одлука на министерот. Сметам дека ваквиот предлог е преуранет и барам Судот да го одбие, рече Василев.

Јавниот обвинител од СЈО Трајче Пеливанов, по однос на изнесувањето на адвокатот Василев, рече дека треба тоа да се одбие бидејќи Грујевски е веќе слободен граѓанин во Грција и може да го повлече барањето за азил и да се соочи со обвиненијата за кои се товари во Македонија.

Василев реагираше на тоа и кажа дека, доколку СЈО ја прочитало убаво одлуката од Судот во Атина ќе видело дека обвинетите не се слободни граѓани зошто се баратели на азил, туку бидејќи се помилувани од претседателот Ѓорге Иванов.

Обвинителот Ајро рече дека Горан Грујевски, а ни останатите обвинети во овој случај, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски и Небојша Стајковиќ, не се аболицирани во овој предмет.

Обвинетите во „Трезор“ се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија. (МИА)

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ