• Latest

10 јули низ вековите

July 10, 2018

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Два дена до изборниот молк – политичко насилство, напади, навреди, ветувања, засилена руска пропаганда во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025
Креирано со помош на ВИ

Извештај на ЦИВИЛ: Засилена френвенција на руските пропагандни наративи во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025

Хакери ја „срушија“ МРТВ? Наместо вести и политика – кулинарска емисија и филм!

October 16, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ привремено ги прекинуваат блокадите, очекуваат фер, транспарентно и непристрасно судење

October 16, 2025

Орданоски: Либералната демократија се распаѓа под тежината на сопствените митови

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

10 јули низ вековите

July 10, 2018 06:39
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

138.- Умрел римскиот цар Публиј Еилиј Адријан, кој по доаѓањето на престолот во 117 година откако увидел дека Римското царство слабее, се одрекол од освојувања и ги утврдил границите во Германија и во Британија. Бил голем почитувач на грчката култура и покровител на уметноста, пишувал стихови, вајал и сликал.

1509.- Роден е Жан Калвин, верски реформатор, основач на калвинистичката протестантска црква. Следбениците на Калвиновото учење биле хугенотите, а во Англија пуританците. Умрел во Женева, на 27 мај 1564 година.

1559.- Умрел францускиот крал Анри Втори, татко на тројцата кралеви Франсоа Втори, Шарл Деветти и Анри Трети. Во текот на владеењето од 1547 година, како изразит римокатолик, со поддршка на сопругата Катерина де Медичи, го почнал систематското прогонување на хугенотите (француските калвинисти), со што во 1562 година ги предизвикал верските војни кои цели 36 години ја потресувале Франција.

1774.- По шестгодишната војна меѓу Русија и Османлиското царство склучен бил Кучук-канарџискиот мир со кој на Русија и било признато правото да ги штити христијаните и нивните установи во Турција, да има дипломатски претставници во турката влада, како и да отвори трговски конзулати во турските градови. Русија ја добила и тврдината Кинбурн на устието на Дњепар и Црно Море, Керч и Кеникал на Крим и слободна пловидба на трговските бродови по Дунав и во Црно Море.

1830.- Роден е Камиј Писаро, француски сликар, еден од главните претставници на импресионизмот, кој извршил големо влијание врз европското сликарство. Најмногу сликал предели и улици. Умрел во Париз, на 13 ноември 1903 година.

1851.- Роден е францускиот сликар Луј Жак Манде Дегар, пронаоѓач на „дагеротипијата“. Неговиот пронајдок ја овозможил изработката на првите типови фотографии.

1856.- Во селото Смиљан, Госпиќ, роден бил Никола Тесла, генијален истражувач и пронаоѓач на полето на електриката и радиотехниката. Умрел во Њујорк, на 7 јануари 1943 година.

1871.- Во Париз е роден Марсел Пруст, француски писател и академик. Автор е на голем циклус романи. Умрел во Париз, на 2 ноември 1922 година.

1895.- Роден е германскиот композитор Карл Орф, автор на сценската кантата „Кармина Бурана“. Напишал „Музика за деца“, наменета за музичко образование на деца.

1962.- САД го лансирале телекомуникацискиот сателит за пренос на телевизиските програми од САД во Европа.

1973.- Бахамските Острови стекнале независност по тривековното британско колонијално владеење.

1991.- Борис Елцин ја презел должноста претседател на Русија како прв шеф на државата кој станал претседател со победа на избори.

1998.- Во Скопје умрел Атанас Близнакоф, основач на Фондот „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, прва од ваков вид на Универзитетот, од која се стипендираат студенти кои покажуваат особени резултати во студиите. Роден бил во село Д`мбени, Костурско, Егејска Македонија, на 15 декември 1901 година.

2001.- Во Скопје умрел Иван Дејанов, македонски академик, основач на трансфузиологијата и имунологијата во Македонија. Роден бил во Ќустендил, на 6 јануари 1931 година.

2006.- Загинал чеченскиот терорист Шамил Басаев. Тој и низа други терористи убиени биле од страна на руските сили за безбедност, во операција во Ингушија додека подготвувале терористички напади во кавказката област.

2006.- Полскиот претседател Лех Качињски го именувал својот брат-близнак Јарослав Качињски за претседател на владата. Ова е единствен случај во историјата на демократските општества.

2014.- Хеликоптерот МИ 17 на МВР се урнал околу 22 часот удирајќи во антенски столб околу индустриската зона кај Струмица. Хеликоптерот летал на релацијата Скопје – Кавадарци – Валандово – Струмица – Берово – Делчево и обратно. Во несреќата загинале Драги Мицев, Маријан Трајковиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички.

(МИА)

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: на денешен ден
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ