• Latest

11 јули низ вековите

July 11, 2018

Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

October 15, 2025
Фото: Фејсбук

Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

October 15, 2025

ЦИВИЛ ја отвори дебатата за демократското назадување и улогата на граѓаните како чувари на демократските процеси

October 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Зацврстување на кинеската „мека моќ“ во Северна Македонија: Преку образованието, ИТ и TикToк до влијание врз изборите

October 15, 2025

Последни три дена од изборната кампања

October 15, 2025
Фото: Фејсбук на Гордана Сиљановска Давкова

Венецијанската комисија бара уставни измени и ограничување на мандатот на јавниот обвинител

October 15, 2025

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен денеска во Скопје

October 15, 2025
Screenshot

Османи порачува дека нови градби без дозвола под негова одговорност нема да има, Меџити го обвини за лицемерие бидејќи живее во дивоградба легализирана за едно евро

October 14, 2025

Ви благодариме што се залагате за вистината и демократијата

October 14, 2025
Demolished Gaza
Photo source: Al Jazeera video screenshot

Ројтерс: ОН соопшти дека земјите се подготвени да помогнат во финансирањето на обновата на Газа од 70 милијарди долари

October 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

11 јули низ вековите

July 11, 2018 06:55
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

1533.- Папата Клемент Седми му се заканил на англискиот крал Хенри Осми дека ќе го екскомуницира од римокатоличката црква ако не го обнови бракот со Катерина Арагонска, од која се развел во мај 1533 година. Хенри Осми ја игнорирал заканата, ги раскинал сите врски со Ватикан и во 1534 година ја основал Англиканската црква – прогласувајќи се себеси за нејзин поглавар.

1804.- Поранешниот претседател на САД Арон Бер го убил поранешниот министер за финансии Александер Хамилтон во двобој предизвикан од политичко ривалство и меѓусебни обвинувања.

1807.- Во Њујорк, по реката Хадсон, запловил првиот параброд под називот „Клермонт“. Го конструирал Роберт Фултон. Со тоа била отворена нова епоха во развојот на бродарството.

1882.- Под изговор за задушување на арапскиот бунт во Египет, британските трупи ја нападнале Александрија, а потоа го зазеле Каиро и целата земја. Во заднината на тој поход, во стилот на „викторијанската ера“, намерата на Лондон била да се добере до Суецкиот канал, пловен пат значаен за врските со источните колонии. На меѓународната конференција која следела, Англичаните утврдиле спогодба за безбедност на Суецкиот канал, што Египет го довело до целосна зависност од големите сили се до 1956 година, кога претседателот Насер го национализирал Суецкиот канал.

1921.- Почнала борбата за ослободување на Монголија што ја повела монголската Народна револуционерна партија под раководство на Суха Батор. Овој датум се прославува како национален празник на Народна Репулика Монголија.

1934.- Умрел францускиот офицер од еврејско потекло Алфред Драјфус, кој во 1894 година бил лажно обвинет дека на Германија и открил воени тајни и бил осуден на доживотен затвор, само врз основа на сомневањата и изјавите на графолошките стручњаци. Бил испратен во најлошиот затвор во светот во Француска Гвајана. Во негова одбрана застанал познатиот писател Емил Зола, кој во текстот под наслов „Обвинувам“ во весникот „L`oror“ го објавил отвореното писмо до претседателот на Републиката. Дури во јули 1906 година капетанот Драјфус бил рехабилитиран, вратен во војската и унапреден во чин мајор.

1936.- Германија и Австрија потпишале спогодба со која Берлин формално и ја гарантирал независноста на Австрија. Две години подоцна Адолф Хитлер прогласил „аншлус“ (присоединување) и Австрија насилно се присоединила кон Германија.

1974.- Во Стокхолм умрел Пер Фабијан Лахерквист, шведски писател. Негови познати дела се збирката песни во стихови и во проза „Страв“, пиесата „Последниот човек“, драмата „Оној што повторно може да го почне својот живот“, автобиографскиот роман „Гостин во стварноста“. Во 1951 година ја добил Нобеловата награда за литература. Роден бил во Векше, на 23 мај 1891 година.

1979.- Американската вселенска станица „Скајлаб“ по шестгодишно кружење по орбитата околу Земјата, се распаднала при приземјувањето.

1982.- Во Белград умрел Меша Селимовиќ, писател. Негово најзначајно дело е романот „Дервишот и смртта“. Покрај тоа познати се романите „Тишина“, „Тврдина“, „Магла и месечина“, „Круг“, како и збирката раскази „Туѓа земја“ и други. Роден бил во Тузла, на 26 април 1910 година.

1989.- Умрел англискиот театарски и филмски актер, режисер и продуцент Лоренс Оливие, еден од најголемите толкувачи на ликови од делата на Вилијам Шекспир. Добитник бил на голем број награди „Еми“, за ТВ-творештво, наградуван бил на фестивалот во Кан, а добил и Оскар за филмот „Хамлет“. Други филмови: „Хенри Петти“, „Ричард Трети“, „Три сестри“, „Ребека“, „Леди Хамилтон“, „Кери“, „Отело“, „Спартак“, „Картум“, „Маратонец“.

1995.- Република Македонија и Република Литванија воспоставиле дипломатски односи на ниво на амбасади.

2002.- Италијанскиот парламент им дозволил на машките наследници на престолот да се вратат во земјата, окончувајќи го после 56 години нивното бегство, како последица на соработката на припадниците на кралската куќа Савој со фашистичкиот режим на Бенито Мусолини.

2006.- Умрел основачот и водачот на легендарната британска рок-група „Пинк флојд“ Сид Барет. Водачот на „Пинк флојд“ бил роден како Роџер Барет во Камбоџа, а членовите на идната група Роџер Вотерс и Дејвид Гилмор ги запознал во училиште.

2008.- Шпанските пратеници ги поддржале посебните права на големите мајмуни (на живот и слобода). Станува збор за прв познат случај во кој некое законодавство им доделува права на животните.

2008.- Умрел Мајкл Дебејки, американски хирург, иноватор во областа на хирургијата на срцето и крвните садови. Дебејки уште во текот на студирањето работел на усовршување и дизајнирање на некои од инструментите. Го развил вештачкото срце и срцевите пумпи кои се неопходни при пресадување. Светски познатиот хирург, работел како професор на Бејлор факултетот во Хјустон, а бил и директор на прочуениот „Центар за срце“.

(МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: на денешен ден
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ