• Latest

Дедото на Тамара доби седум години и шест месеци затворска казна

July 12, 2018

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дедото на Тамара доби седум години и шест месеци затворска казна

July 12, 2018 14:05
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Седум години и шест месеци затворска казна доби дедото на Тамара, Љупчо Стојановски за обид за убиство на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.

Судиката Софија Лаличиќ во образложението за пресудата меѓу другото рече дека судскиот совет сочувствува со загубата на обвинетиот и неговото семејство, но праша, дали барањето правда преку одмазда, по принципот „око за око“, е правдата која сакаме да владее во нашата држава.

-Барањето правда преку одмазда, е само уште една неправда. Затоа одмаздата не е начин, ниту решение, рече Лаличиќ.

Судијката нагласи дека оштетениот е жив, не затоа што обвинетиот Љупчо не сакал да го убие, туку затоа што оштетениот Тодоров успеал да се наведне и да помине под неговата рака. Лаличиќ рече дека поранешниот министер за здравство Тодоров при сведочењето во судот сликовито опишал дека во тој момент почувствувал жештина во горниот дел од челото и го осетил проектилот како му поминал непосредно над главата.

-Токму близината на куршумот до челото на оштетениот, говори за постоење умисла во дејствијата на обвинетиот да го убие Тодоров, а не како што наведе во својот исказ, „ јас седев на скалите, на одмаралиштето и кога го видов Тодоров со колата излегов и со намера да го извадам пиштолот за да пукам во вис и да извикам да нема друга повторна Тамара“, истакна Лаличиќ.

Адвокатката на Стојановски, Павлина Зефиќ во изјава за медиумите рече дека не очекувале ваква пресуда бидејќи, според нив, не постојат цврсти докази дека обвинетиот сакал да го убие Тодоров и самото тоа што тоа што бил присутен пред Министрсвото за здравство и држел пиштол од кој било испукано куршум, а не било докажано како. Тоа, рече Зафиќ, дедото на Тамара не го прави убиец.

-Имаме недоверба кон институциите бидејќи сметаме дека МВР и Обвинителството не си ја завршиле својата работа. Сите бевте сведоци дека немаше барутни честички на неговите раце и на неговата облека, а немаше и доказ каде е завршен проектилот кој бил пронајден после 16 дена, рече Зефиќ.

По однос на немање присуство на барутни честички на рацете на обвинетиот, претходно судијката Лаличиќ рече дека вештото лице од МВР, исклучително стручно и професионално образложло дека не секогаш може да бидат пронајдени барутни честички на раката на лицето кое извршило испалување од огнено оружје, и тоа од неколку причини: доколу испалувањето е вршено на отворено, поради струењето на воздухот, поради обилно потење на раката, …

По читањето на пресудата Обвинителството побара продолжување на притворот до извршување на почетокот на казната, со образложение дека постои опасност обвинетиот да го доврши делото и да биде недостапен за органите на прогонот.

Одбраната најави жалба на пресудата и поради здравствени проблеми на обвинетиот побара да му се укине притворот.

Стојановски на 1 јуни минатата година пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, откако почина неговата внука Тамара чекајќи операција во странство. (МИА)

Tags: #Тамаразатворска казнаМВРНикола Тодоров
Share63TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ