• Latest

Панчев: Омразата на навивачките групи не носи ништо добро

July 13, 2018
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Панчев: Омразата на навивачките групи не носи ништо добро

July 13, 2018 14:55
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Омразата на навивачите групи не е од вчера, таа, за жал, постои подолго време. Јас како спортист сум имун на такви навредливи скандирања и сум против тоа, бидејќи спортските арени се направени за нешто друго, за нешто убаво, за уживање…“, вели македонската фудбалска легенда, Дарко Панчев во разговор за ЦИВИЛ Медиа. 

Во контекст на сè поизразената омраза од страна на навивачките групи со Панчев разговаравме за насилствата на трибините и надвор од нив, за непријатностите и проблемите за време на натпреварите, национализмот и говорот на омраза. Панчев е дециден дека на трибините и терените нема место за ваквите појави. Тој додава дека со одредени членови на навивачките групи би требало да се занимаваат социолози, да разговараат со нив и да им се објасни дека ваквите работи не носат ништо добро.

„Се случуваат и полоши инциденти, некои страдаат, некои завршуваат во затвор…, на крај сите се во загуба и би било добро да нема такви работи во иднина“, потенцира тој.

Панчев е дециден дека етничката припадност не е секогаш причина за инциденти и нетрпеливост.

„Еве ќе ја земам пример Србија, таму инцидентите меѓу навивачите на Црвена Ѕвезда и Партизан се толку чести што нема врска со етничкото потекло, и во Хрватска меѓу навивачите на Динамо и Хајдук… Кај нас најголема меѓуклупска нетрпеливост има(ше) помеѓу навивачите на Вардар и Пелистер, или меѓу Слога и Шкендија… Мора да се посвети повеќе внимание во јавноста за овие инциденти и да се прават емисии, да се разговара за тоа, за да дојдеме до целта, а тоа е дека инцидентите и омразата не носат ништо добро“, вели тој.

Дарко Панчев

Пораката на македонската фудбалска легенда до навивачите е да доаѓаат на стадион пред сè да го бодрат својот клуб, и дека треба да го изразуваат своето незадоволство ако нема добра игра, нема добри резултати, меѓутоа незадоволството да го изразат до управата на клубот или играчите.

„Секаде има меѓуклупски скандирања и провоцирања, меѓутоа не смее тоа да оди во домен до меѓуетнички пароли и омраза, бидејќи стадионите се за нешто убаво“, вели Панчев.

Панчев истакна дека ниту еден играч не сака да слуша навредливи скандирања кон другиот клуб или друга етничка заедница, бидејќи така не се мотивира да игра, додавајќи дека нема поубаво нешто од тоа играчот да го слушне своето име скандирано од илјадници навивачи, се разбира ако одиграл добар натпревар.

„Спортистите се мотивираат ако навиваат за нив, и јас сум бил играч и ништо не ми значело ако мојата навивачка група навива нешто против другите навивачи, ама кога цел стадион ќе грмне ‘напред Вардар’, и тоа како ми даваше мотивација“.

Разговорот со Пачев е дел од проектот проектот „Патриотизам – ДА, национализам – НЕ!“ чија цел е да придонесе кон зајакнување на соживотот, подобрување на односите со соседите и кон забрзување на евро-атлантските инегративни процеси на Македонија. Проектот е поддржан од програмата Цивика Мобилитас.

Ангела Петровска
Обработка на текст и камера: Дехран Муратов
Монтажа: Маја Ивановска

 


Текстот е дел од проектот „Патриотизам ДА, национализам НЕ!“ што го спроведува ЦИВИЛ со поддршка од Цивика мобилитас. Содржината на овој текст е единствена одговорност на ЦИВИЛ и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Tags: говор на омразаДарко Панчевнавивачки групинационализам
Share117TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ