• Latest

Спортскиот терен не е поле за натпревар на политичките и националистичките идеологии меѓу граѓаните

July 18, 2018

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Спортскиот терен не е поле за натпревар на политичките и националистичките идеологии меѓу граѓаните

July 18, 2018 08:00
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Што е тоа што ги тера младите да си ги одземаат животите едни на други?

Секој родител размислува како да му го пополни времето на своето дете. Освен обврските на училиште, го запишува на курс по странски јазик, го запишува на курс за креативни вештини, играорна, музичко, информатика, спорт итн. Сето тоа во зависност од афинитетите на детето. Секој родител кој е фан на некој спортски клуб сонува да го носи своето дете на спортски натпревар. Јас не. Јас одамна сум се откажал од гледање спортски натпревари на стадионите во Македонија, уште деведесеттите години кога случајно со другарите наидовме на навивачка група среде плоштад, кои скандираа навредливи зборови за мојот етникум и религија. Таа навреда предизвика револт, но не и желба за одмазда, не и да отидам во спротивната навивачка група па да им се изнапцујам се’ живо и диво. Напротив, се откажав од сите нив!

Пишува: Јасмин Реџепи

Кај нас, но и во регионот, постојат пореметени вредности во однос на тоа прашање. Навивачките групи на спортски натпревари скандираат говор на омраза, а говорот на омраза, за жал води кон злосторство од омраза. Во Сараево не работи јавниот превоз кога се игра градското дерби, затоа што навивачите посегнуваат кон уништување на јавниот имот. Босанските Хрвати скандираат „нож, жица, Сребреница“, сакајќи да покажат колку се поголеми Хрвати од оние во Хрватска. Париз е демолиран од навивачите по победата на светското првенство. И да не набројувам. Не е прв пат, а посебно беше често во периодот на режимот, навивачките групи да се користат за предизвикување насилство, со цел остварување на некакви политички агенди. Истото не изостанува ни сега, опозицијата да манипулира со чувствата на семејството и на навивачката група чиј припадник бил настраданиот Никола.

Животот на секој човек е свет, како што се свети неговата чест, имот и семејство, и никој нема право своеволно да одзема туѓ живот. Сочувство до семејството и до неговите најблиски. Протестот е уставно загарантирано право. Вчера го гледав протестот за правда за Никола, предводен од отец Ивица. Коментарите кои ги слушнав, упатени до полицијата, не се разликуваат од скандирањата на насилните протести против менувањето на името. Отец Ивица успешно се обидуваше да ги смири, да ги надвика, да даде мирна конотација на протестот, како што заслужува еден ваков протест. Во еден момент, смирувајќи ги, рече: „И ние имаме одговорност и тие имаат одговорност, а најголема одговорност имаат политичарите.“ Се согласувам оче Ивица. Секоја функција сноси и тежина наречена одговорност. Но зависи во која насока и со која цел тоа се изјавува и што се мисли да се постигне со истото. Јас би оставил судството да се позанимава со политичарите кои креираат дестабилизации, како и со извршителите на истите. Процесите и за едните и за другите веќе се во тек. Ние немаме ни верски ни световен мандат да судиме никому. Но, имаме должност, без разлика дали сме верници или кој во што и да верува, да си ги преиспитуваме сопствените постапки.

Колкумина од нас ги повикувале навивачките групи по социјалните мрежи да се воздржат од скандирањата полни со говор на омраза? Колкумина од нас седнале да разговараат со лидерите на навивачките групи со цел да ги смират страстите? Колкумина од нас се обиделе да им објаснат на навивачките групи дека граѓаните се воздржуваат од носење на своите деца на спортски натпревари за да не слушаат такви скандирања? Колкумина од нас се обиделе да им објаснат на младите и на навивачките групи дека спортскиот терен не е поле за натпревар на политичките и националистичките идеологии меѓу граѓаните?

Еве предизвик за невладините организации кои што се занимаваат со мировни проекти, седнете ги младите од различните навивачки групи, одиграјте еден пријателски натпревар на неутрален терен, не со топка, туку со зборови. Разбудете ја човечноста кај младите, објаснете им дека секој од нас е човек од крв и месо, без разлика на етничката, верската, политичката или клупската определба. Објаснете им дека секоја навреда исто боли, некогаш повеќе и од физички удар и дека секоја мајка исто плаче за своето чедо. Објаснете им дека спортот обединува и дека единствената нивна пресметка со спротивната навивачка група е само победата на тимот кој најдобро ќе биде бодрен додека игра. Сето тоа нека резултира со подадена рака, со помирување, взаемно покајание и прошка, и секако, предлог за кодекс меѓу навивачките групи. Да се договорат, да го потпишат и со сите сили да се борат да го почитуваат. Тоа би донело траен мир меѓу граѓаните, би ги заштитило навивачките групи од политички манипулации, би ги вратило родителите и децата на трибините, а пред се’ би ги заштитиле честа и животот едни на други.

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: навивачки групинационализам
Share192Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ