• Latest

Косово пред одлука – дали целосно да ги повлече зголемените царини

July 31, 2018

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Косово пред одлука – дали целосно да ги повлече зголемените царини

July 31, 2018 09:36
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска ќе се знае дали Косово целосно ќе ја повлече одлуката за зголемените царини на земјоделските производи. 

Владата на Косово треба да одржи редовна седница на која, меѓу другото, ќе бидат разгледани и аргументите од македонска страна за штетите што ги предизвика оваа времена мерка.

Европската комисија вчера изрази жалење што одлуката е укината само за земјите од ЕУ, а уште важи за останатите во регионот, поради што го повика Косово да се однесува конструктивно и да ја реши ситуацијата без одлагање.

– Жалиме што заштитните мерки остануваат на сила за другите земји, вклучувајќи ги и регионалните партнери во ЦЕФТА. Ова е загрижувачки и штетно за регионалната економска соработка. Затоа, ЕК итно го повикува Косово да се однесува конструктивно и да ја реши ситуацијата без одлагање, особено со оглед дека моментно претседава со ЦЕФТА, наведе ЕК во реакцијата.

Македонските власти очекуваат позитивен исход од денешната владина седница на Косово и целосно повлекување на одлуката. Во петокот, минисерот за економија Крешник Бектеши имаше средба со косовскиот колега Бајрам Хасани на која конкретен договор околу одлуката не беше постигнат. Министерот за земјоделство, пак, Љупчо Николовски, учествуваше на состанокот на ресорните министри во регионот што се одржа претходно во Белград, од каде повика Косово веднаш и во целост да ја повлече одлуката.

Станува збор за времена мерка што стапи во сила на 18 јули годинава со најава дека ќе трае три месеци и ќе важи за сите земји извознички на овошје и зеленчук во Косово. Со мерката царините за овие производи се зголемија 30 отсто. Одлуката предизвика реакции кај трговците и производителите од двете земји, како и кај земјите од регионот.

Извозот од македонска страна од 18 јули е речиси стопиран, а штетите поради нереализираниот пласман и падот на цените на домашното производство се бројат во милиони евра. Државата до денеска не воведе контра-мерки, а ваквиот чекор наиде на одобрување и од стопанството, како и од земјоделците. Некои од земјоделците излегоа со конкретен предлог – Македонија да ги блокира границите за увоз во мај и јуни кога продукцијата на градинарските производи е најголема и на тој начин да го заштити домашното производство. Од Националната федерација на фармери, пак, оценија дека ваквата ситуација со Косово уште еднаш потврди дека пласманот е се уште една од најслабите карики на македонското земјоделство. (МИА)

Tags: Косовоцарина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ