• Latest

Започна изградбата на новата градинка во Шуто Оризари

August 10, 2018

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Започна изградбата на новата градинка во Шуто Оризари

August 10, 2018 13:36
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Со симболично поставување на камен темелник за новата градинка „8 Април“, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ја почна изградбата на новиот објект во вредност од 700.000 долари, обезбедени од Владата на Кралството Новешка. 

– Презадоволни сме што имавме можност да се вклучиме и да помогнеме во овој многу важен проект за заедницата каде што децата се соочуваат со реален ризик да бидат изоставени во образовните достигнувања и животните можности уште од најмала возраст, истакна Амбасадорот на Кралството Норвешка, Арне Санс Бјорнштанд.

Луиза Винтон, постојана претставничка на УНДП посочи дека тие ја трансформираат катастрофата во можност, со тоа што го прошируваат капацитетот за згрижување на деца.

– Со енергетско – ефикасните елементи ги намалуваме оперативните трошоци, но и овозможуваме услови за престој на деца со попречености кои сега ќе имаат шанса да поминуваат повеќе време со своите врсници. Наша цел е исполнување на начелото „повторно да се изгради подобро“, објасни Винтон.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска изјави дека секое дете е важно и овозможување на услови за подобар раст и развој на сите деца е врвен приоритет на Владата.

– Нашата цел е континуирано да ги зголемуваме просторните капацитети на детските градинки во земјава, но и да го подобриме квалитетот на програмите и да вклучиме што поголем број деца кои досега немаа можност да посетуваат градинка. Досега се отворени 11 нови објекти, а до крајот на 2018 година е предвидено отворање на дополнителни 8.  Работиме и на јакнење на кадровските капацитети, односно од 1 јануар 2018 година Министерството обезбеди финансиска согласност за вработување на  789 лица на неопределно време и и 50 вработување на определно време во градинките, истакна Царовска.

Проектот го реализира УНДП во партнерство со Министерството за труд и социјална политика и Општина Шуто Оризари, а планирано е е изградбата да биде финализирана до март, 2019 година.

Tags: изградбанова градинкаУНДПШуто Оризари
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ