• Latest

Информативна кампања на Владата, ВМРО-ДПМНЕ сè уште се консултира

August 14, 2018
Фото: МИА архива

Извештај на ЕУ: Украина мора да ги забрза реформите за да ја исполни целта за пристапување во ЕУ

November 4, 2025

Пицула предупредува: Одложувањето на политичко решение ја турка Србија кон конфликти

November 4, 2025

Европската комисија денека ќе го презентира пакетот извештаи за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 4, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 4, 2025

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Информативна кампања на Владата, ВМРО-ДПМНЕ сè уште се консултира

August 14, 2018 07:45
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Владата денеска на седница  се очекува да донесе одлука за начинот на кој ќе ги информира граѓаните за важноста од претстојниот референдум и значењето што за иднината на земјата го има Договорот со Грција за решавање на спорот за името. Од друга страна, пак, опозицијата се уште не излегува со став дали ќе го поддржи референдумот. – Преку кампањата ќе се обидеме Договорот со Грција да го приближиме до сите граѓани. Апелирам до сите да видат дека сето она што беше проблематично за нашиот идентитет е целосно решено. Загарантиран е македонскиот идентитет, македонскиот јазик, преведливо на сите јазици. Ова е историската вековна борба и на нашите предци, рече премиерот Зоран Заев по панелот посветен на годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

Тој нагласи дека Владата ќе преземе мерки со цел сите граѓани во земјата да се поттикнат да го прочитаат Договорот и да се информираат што всушност содржи тој.

Според Заев, Владата и државата имаат целосно право да ги информираат јавноста и граѓаните пред тие да ја донесат оваа историска одлука.

Претходно, на панелот посветен на Охридскиот рамковен договор беше истакната важноста на овој документ како инструмент и пример за решавање конфликти во регионот и пошироко, уверување оти со него се поставени темелите за изградба и целосно функционирање на едно демократско мултиетничко општество, како и верување дека на претстојниот референдум на 30 септември граѓаните ќе го изберат европскиот пат на земјата.

– Денеска ја градиме Македонија како едно општество и едно семејство за сите, рече Заев.

Го спомена Договорот за добрососедство кој пред една година беше потпишан со Бугарија, но и историскиот договор за решавање на спорот со Грција со кој повтори дека е загарантиран македонскиот идентитет, што е прифатен и признат од сите.

– Како што пред 17 години храброста на граѓаните, но и нашите политичари ја извлекоа Македонија од криза, нас сега ни се дава можност да бидеме храбри, да донесеме вистинска одлука за да ја обезбедиме нашата иднина, иднината на нашите деца. Знам дека на 30 септември  обединети ќе зачекориме со крената глава кон светлата иднина на Македонија. Сигурен сум и цврсто верувам дека ќе избереме европска Македонија, порача Заев.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во обраќањето на дебатата истакна дека во минатото дури и најголемите оптимисти не размислувале дека по 17 години Македонија ќе биде пример за решавање на конфликти и за тоа како конфликтните ситуации се трансформираат во дијалог.

Зборувајќи за есенскиот референдум тој рече дека решавањето на спорот со Грција и претстојниот референдум е точка која треба да не обединува во настојувањето на земјата да стане членка во ЕУ и НАТО.

– Ќе се ангажираме со сите чинители со цел да го мобилизираме и информираме секој граѓанин да биде свесен дека на претстојниот референдум всушност ќе се гради иднината, рече Ахмети и додаде дека со таа победа всушност победуваат мирот и стабилноста.

Вицепремиерот Бујар Османи, пак, вчера изјави дека референдумската кампања повеќе ќе биде информативна отколку пропагандистичка.

– Сметам дека граѓаните немаат потреба да бидат убедувани, туку треба да бидат информирани за прашањата од Договорот, бидејќи сметаме дека во моментот најголемиот хендикеп е всушност незнаењето на точните информации од Договорот, имајќи предвид дека според анкетата само три отсто од граѓаните го прочитале договорот, изјави Османи.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, се уште не излегува со став во врска со референдумот.

Лидерот на партијата Христијан Мицкоски повтори дека со официјален став во јавноста во однос на тоа како ќе ја води референдумската кампања ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе тогаш кога ќе завршат консултациите во рамки на партиските тела.

– Во моментот трае акцијата на ВМРО-ДПМНЕ „Лето за Македонија“, континуирано сме на терен меѓу граѓаните разговараме со стотици граѓани на дневна основа ги консултираме и партиските тела во периодот што следува, ќе имаме состанок на извршниот и на централниот  комитет на партијата и во вакви значајни историски моменти за Македонија е неопходна е темелна и исцрпна дебата во општетвото, рече Мицкоски.

На прашањето дали партијата ќе учествува во информативната кампања за договорот за името, рече дека Владата нема капацитет да се справи со ваков предизвик, и оцени оти јавноста во Македонија набрзо ќе биде сведок на уште едно фијаско, кое ќе, како што кажа, ќе изобилува со големи криминалии, полувистини и недоречени работи… (МИА)

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    166 shares
    Share 66 Tweet 42
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ