• Latest

Партијата на Македонците во Србија со поддршка за референдумот

August 15, 2018

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер за желбата за терор и сценариото за уривање на американската демократија

October 10, 2026
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Партијата на Македонците во Србија со поддршка за референдумот

August 15, 2018 13:24
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Партијата на Македонците во Србија (Странка Македонаца у Србији – СМС) го поддржува престојниот референдумво Македонија и ги повикува македонските државјани во Србија да се пријават до 23 август во амбасадата на Република Македонија во Белград, за да можат да го остварат своето гласачко право.

Во соопштението на СМС испратено од Белград од страна на претседателот на партијата Горан Илијевски до медиумите, се објаснува значењето на престојниот референдум, се осудува бојкот на референдумот и се повикува Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија да покаже зрелост и да се изјасни со повик за гласање на референдумот.

– Зборот Референдум упатува на највисоко ниво на непосредна демократија, директно учество на народот во донесувањето на важни одлуки. Најразвиените демократски земји, Швајцарија и Скандинавските земји најчесто го применуваат референдумот, а тоталитарните и диктаторските режими никогаш и не го применуваат. Волјата на народот треба да се почитува, а народот треба да ја изрази својата волја, кога постои можност за тоа, во спротивно се одлучува во името на народот од помала група или од институциите на државниот систем, се вели во соопштението од СМС.

Македонија, се додава, е пред голем предизвик. Пред референдумот се изнесуваат мислењата и факти за и против. Апелираме за што повеќе дебати и изнесување на аргументи од придобивките и она што можеме да загубиме, за  народот што подобро да се информира и да може да избере правилно, со своето мнозинството.

– Повикување на бојкотот на референдумот, е бојкот и непочитување на вољата и мислењето на сопствениот народ. Во тешки времиња немаме право на неутралност, треба самостојно да ја донесеме сопствена одлука. Секој има право на своја одлука и своја иднина. Секој глас е важен. Затоа, го повикувам Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија да покаже зрелост и да се изјасни со повик за гласање на референдумот, без да потенцира како да се гласа, бидејќи само така може да го оправда своето постоење и да биде Национален совет на сите Македонци во Србија. Ова не е гласање за партии, не се парламентарни избори, ова е многу повеќе, ова е референдумско изјаснување за иднината на Македонија. Сите од дијаспората што живее во ЕУ треба исто така да и помогнат на Македонија да им се придружи, да не остане да живее во минато. Изградете мостови на пријателства кон Македонија, пријавете се и гласајте за иднината на Македонија, се наведува во соопштението на Партијата на Македонците, потпишано од претседателот на партијата Горан Илијевски.

Tags: Партијата на Македонците во Србијаподдршкареферендумот
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ