• Latest

20 август низ вековите

August 20, 2018

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

20 август низ вековите

August 20, 2018 06:24
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

1854.- Умрел Вилхелм Шелинг, германски филозоф, последен претставник на германската класична идеалистичка филозофија. Најпознати негови дела се „Идеја за филозофијата на природата“, „Систем на трансцеденталниот идеализам“ и „Филозофија на уметноста“. Роден бил на 27 јануари 1775 година.

1940.- По атентатот во Мексико умрел Лав Троцки, еден од водачите на Октомвриската социјалистичка револуција во Русија. Со тоа убиство дошла до израз разузнавачката моќ на сталинистичката политика, во која, во годините пред Втората светска војна, биле ликвидирани голем број вистински или потенцијални критичари. По разидувањето со Сталин, тој заминал во бегство. Роден бил во Ивановка, на 7 ноември 1879 година.

1944.- Роден е индискиот државник Раџив Ганди, премиер на Индија од 1984 до ноември 1989 година. Во текот на изборната кампања, бил убиен на 21 мај 1991 година.

1960.- Прогласена била независноста на Сенегал (држава во западна Африка), поранешна француска колонија која била во федерација со Мали.

1969.- Во Скопје, од 20 до 24 август се одржала Првата светска изложба на карикатури со учество на 33 земји и 146 автори, а на тема „Мир, солидарност, хуманост“.

1994.- Во Москва умрел Роберт Рождественски, руски поет, прв носител на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезија (1966 година за песната „Се родив“). Меѓу неговите најзначајни поетски книги се „Проверка“, „Враќање“, „За 20 години“, „Радар на срцето“ и други. Роден бил во 1932 година.

2006.- Во дом за старци во Новато, Калифорнија, умрел Џо Розентал, американски фотограф, кој на јапонскиот остров Иво Џима, на планината Сурибачи во 1945 година, го фотографирал покревањето на американското знаме, што значело симбол на американската решителност да го поврати Пацификот под своја контрола… Роден бил во 1912 година.

2015.- На 93-годишна возраст починал ветеранот на германската надворешна политика, социјалдемократот Егон Бар. Бил еден од основачите на т.н. „источна политика“ на Германската федерална република, која имала блиски релации со Советскиот Сојуз и другите социјалистички земји. Бар било министер за економска соработка во владата на канцеларот Вили Бранд. (МИА)

Tags: на денешен ден
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ