Почина Џон Мекејн, воениот ветеран, маверик и политички титан, како што светските медиуми го нарекуваат. Тој почина на возраст од 81 година, во кругот на своето семејство во Аризона, САД, откако во петокот им соопштил дека го прекинал лекувањето на мозочниот тумор што му беше дијагностициран пред една година.
Тој беше најгласен критичар од редовите на Републиканците од првиот ден на кандидатурата на Доналд Трамп.












