• Latest

Каква Македонија сакаат Тетово и Гостивар?

August 27, 2018

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Резолуцијата на ОН за меѓународни стабилизациски сили за Газа би можела да биде готова за две недели, во меѓувреме, насилството во Газа продолжува

November 4, 2025
Ф-16. Фото: Скриншот

Романски и германски авиони реагираа на руски напади близу границата со Украина

November 4, 2025

Европа зборува, Северна Македонија стои

November 4, 2025
Фото: МИА архива

Извештај на ЕУ: Украина мора да ги забрза реформите за да ја исполни целта за пристапување во ЕУ

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Каква Македонија сакаат Тетово и Гостивар?

August 27, 2018 12:02
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа разговараше со граѓанките и граѓаните од Тетово и Гостивар на тема каква Македонија сакаат. Поголемиот дел од одговорите на граѓанките и граѓаните се совпаѓаат, и сите сакаат да ја видат Македонија во подобро светло. 

„Демократска и независна. Да се променат законите, да се зголемат платите, и да биде како во Европа“, вели еден граѓанин од Тетово.

„Македонија, исправна Македонија. Македонија да биде за сите, да биде богата земја, каде што сите ќе бидат задоволни, без разлика на националности“.

„Заедничка. Сите сме во Македонија, сите живееме заедно“,  „Само мирна да биде, да нема војна“, се дел од пораките на граѓанките и граѓаните.

Некои од одговорите се негативни, и покажуваат дека граѓаните не се задоволни од состојбата во Македонија.

„Никаква. Си ја сакам старата Македонија, оваа што е, не Северна“, вели еден граѓанин.

„Сакаме Русија да дојде овде да владее со нашава држава. Само тоа го сакаме. Руската федерација и Евроазиската Унија се иднината на Македонија . Тоа е спасот за Македонија“, вели еден граѓанин од Тетово.

Граѓанките и граѓаните сакаат подобра иднина и за политичката и за економската состојба на Македонија.

„Оваа Македонија не ја сакаме, за ништо не чини, знаете и вие зошто. Мали пензии, сè е скапо, друго немам што да ви кажам“, вели граѓанка од Гостивар.

„Сакам Македонија  да биде  на албански и на македонски“, вели еден пензионер.

„Ова не се прашува во парк, прашајте на друго место. Одете сега.“

„Ја сакам Македонија со високи перспективи, економијата ни е многу слаба, работниците имаат многу мали плати, што значи дека на младите им требаат плати за да можат да дотраат до крајот на месецот. Со вакви плати тоа не може да се постигне. Младите ни одат во туѓина, се одалечуваат од своето место и тоа не е добро. На Македонија и требаат млади, и требаат работници,  и требаат фабрики во кои што ќе може да се работи и да се заработи како во другите држави. Јас работам во Италија и знам како е“, вели граѓанин од Гостивар

„Ние сакаме европска Македонија, да бидеме подобри, инаку вака не чини“,  „Македонија каква што е. Европска Македонија. Да има работа за младите, јас  сум веќе пензионер, за мене поминало“, додаваат граѓаните на Гостивар.

„Добро да биде, да одиме во НАТО,  друго што може да биде? Овде е голема сиромаштија, нема ништо овде. Ни работа, ни ништо нема. Цела младина побегна. Друго нема што“.

Анкетата е дел од проектот „Акција – Интеграција“ којшто ЦИВИЛ го спроведува во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел од Германија, посветен на промоција на европските и зелените вредности, демократските вредности и антинационализмот.

новинарки: Маја Ивановска и Диана Тахири
обработка на текст: Ангела Петровска
камера: Биљана Јордановска

Share45Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    175 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ