ЦИВИЛ продолжува со проектот Акција – Интеграција, посветен на демократските реформи, граѓанското учество, зелените иницијативи и европските вредности во Република Македонија.
По успешните работилници во Куманово и Гостивар, ЦИВИЛ нуди уште една неповторлива шанса, овој пат за граѓанките и граѓаните на Струга, активно да се вклучат во иницијативата, но истовремено да дознаат повеќе за проектните активности и да споделат свои мислења и ставови за овие теми со претставниците на локална власт и невладините организации.
Двочасовната работилницата „Каква Македонија сакам?“ ќе се одржи во петок, 31 август, во општинската сала во Општина Струга, со почеток од 13 часот.
ЦИВИЛ ги поканува претставниците на локалната власт, невладините организации, политичките партии, локалните медиуми и дописништвата и сите заинтересирани граѓанки и граѓани, да одговорат позитивно на овој повик и да дадат свој придонес во разговорот за актуелни теми и настани, за социјалната и еколошката правда и други важни теми што се опфатени со проектот.
Тимот на ЦИВИЛ ќе биде достапен за поединечни средби и разговори и по завршувањето на работилницата.
ЦИВИЛ го спроведува проектот Акција – Интеграција во партнерство со Фондацијата „Хајнрих Бел“ од Германија.