• Latest

Бојкотирам, „ерго“ не постојам

September 11, 2018

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Бојкотирам, „ерго“ не постојам

September 11, 2018 16:47
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Го знаете ли значењето на познатата латинска поговорка „Cogito, ergo sum” (мислам, значи постојам)? Во многу случаи, бојкотирањето е демократки механизам за изразување на незадоволство, непослушност и одбивање учевство на граѓаните во процес во којшто нема влијание.

 

Пишува: Арбен Зеќири

Дури и политичките партии, посебно опозициските, можат да го употребат и во Собрание, кога знаат дека со гласања не може да се спречи донесување на одлука или закон. Но, бојкотот, во случаи кога имаш  можност и моќ да влијаеш, како последица го носи обратното, мнозинството му дозволува на малцинството да решава за колективната судбина.

Што се однесува на референдумот на 30 септември, евентуалното бојкотирање од страна на граѓаните би им го отстапило донесувањето на една историска одлука за земјата и сите во неа, на 120 пратеници. Тоа би било исто како на референдум да гласаат 120 од 1.8 милион граѓани со право на глас. Ова станува уште по извесно сега кога имаме јавни изјави од страна на премиерот дека ако не се постигне цензус, одлуката ќе се донесе во Собрание, и доколку се постигне и мнозинството гласа „против“, тогаш тој ќе даде оставка и Договорот со Грција нема да стапи на сила.

Ако бојкотот успее, тоа нема да значи дека граѓаните не решиле. Напротив, преку бојкотирањето граѓаните ќе пратат порака: ние не постоиме, решете вие во Собрание. Да бидеш против еден договор и да не излезеш да го изразиш својот став – против еден демократски процес, нема ниту институционална, ниту патриотска логика. Единственото објаснување во овој случај е отсуството на храброста на тие што се против. Во отсуство на храброста да се каже „не“ на еден договор или процес, тие одбираат пропаѓање на процесот и неможност на граѓаните за изјаснување.

– Дали треба да бидеме „за“, или „против“?

Македонија е една мултиетничка, мултиконфесионална и мултикултурна држава. Причини за изолираноста од развиениот дел од светот се многу аномалии, како што е руинираната економија, отсуството на перспективи, обраованието и неквалитетното здравство, невработеноста итн. Сега имаме историски момент во којшто треба да избереме помеѓу две опции. Да прифатиме едно компромисно решение и да ги отвориме вратите на коишто тропавме речиси триесет години, или да продолжиме со изолација. Што е компромисот? И покрај сомнежите на јавноста во врска со дефинирањето на правниот и уставен статус на Албанците и албанскиот јазик, сепак, сите албански партии излегоа со кампања „За“ референдумот. Кај Македонците состојбата се чини посложена, иако не е таква. Тоа што треба да знаеме сите, е дека во конфликтни ситуации во коишто не може да има апсолутен победник, решението се бара во компромис.

Македонија и Македонците во овој случај направија помалку болен компромис во однос на другите земји во регионот. Албанија, којашто имаше спор со истата земја како и Македонија, со Грција, отстапи многу водни територии. Косово, за да се здобие со столче во ОН,  прифати демаркација со Црна Гора отстапувајќи дел од територијата, а во меѓувреме, актуелниот претседател предлага и корекција на границите со Србија. Не се знае точно што ќе се размени, но и тоа се болни компромиси за двете држави. Со договорот со Грција, Република Македонија го задржува територијалниот интегритет, и со тоа дури обезбедува членство во НАТО. Македонскиот народ го цементира националниот идентитет, јазикот и културата. Освен тоа, ако сите гласаме „за“ интеграција во ЕУ и НАТО, ќе ги отвориме и економскитеи развојните перспективи. Ако мнозинството гласаме „против“, тогаш ќе го зачуваме името на држава без презиме, но и држава без население. Секој ден сме сведоци на растењето на бројката на граѓаните на Македонија што се одлеваат во правец на земјите на ЕУ, а во земјата гледаме уништување на институции, отсуство на адекватен кадар и како последица, опаѓање на квалитетот на услугите. Воедна ваква ситуација нашиот патриотизам ќе поживее не повеќе од една генерација. Последната генерација ќе живее „гордо“, неспособни за работа надвор од државата, а по нивната смрт државата нема да има наследници. Македонија без презиме ќе се претвори во масивна гробница, а виталната генерација ќе се „интегрира“ во ЕУ и ќе страдаат оддалеку за испразнетата држава. Или, можеби разнебитени и колонизирани од народите од регионот коишто знаеја како да се спасат и да ги развијат своите земји.

 

 

 

 

Оваа колумна е дел од граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“, финансирана од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“.

 

Share11TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ