• Latest

Вие сликате, но власта го има списокот, од кого да се плашиме!?

September 18, 2018
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Вие сликате, но власта го има списокот, од кого да се плашиме!?

September 18, 2018 20:11
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Ако активистите на „бојкотирам“ можат да ги фотографираат гласачите,  единствено  што можат, е да ги објават тие фотографии и немаат механизми за одмаздување. Со нивните закани јa поттикнуваат власта да им одговори со контрола на гласачките списоци, а секако дека власта има и механизми за закани и одмазда. Тогаш, од кого би требало повеќе да се плашат гласачите? Ова е штетата што си ја прават на себе „бојкотирачите“.

Пишува: Арбен Зеќири

Активистите на коалицијата „бојкотирам“ со нивните јавни закани дека ќе ги снимаат и фотографираат гласачите на референдумот, би му наштетиле не само на демократскиот процес во земјата, туку и на нивната цел. Сакајќи да ги заплашат граѓаните, посебно граѓаните од македонско етничко потекло со фотографирање и објавување на „предавниците“, отвораат пат за една уште поголема закана за граѓаните и демократскиот процес на гласањето. Изгледа  забораваат дека веќе не се на власт, и дека партијата што ја поддржуваат, односно којашто неофицијално ги поддржува, ВМРО -ДПМНЕ,  е исто така во опозиција и дека немаат механизми за заплашување, уценување и корумпирање на гласачите.

Меѓутоа, тие забораваат дека со нивните закани предизвикуваат контра-реакција кај партиите во Владата или кај коалицијата што го поддржуваат гласот „За“ на референдумот на 30 септември. Дури, забораваат дека заканите од власта се секогаш посериозни од тие на опозицијата и дека обичниот граѓанин или не се плаши од никого, или,  се плаши од тие што имаат механизми на одмазда…а тие механизми се секогаш кај власта.  Така што, во последниот случај, власта поседува механизми што можат да се употребат законски, без јавно  кршење на законите, и секако без „упаѓање во очи“. Ако македонската опозиција, било да е формална или неформална го има механизамот на фотографирање и снимање, власта и коалицијата „За Европска Македонија“ има друг механизам за контрола врз гласачите, а тоа е гласачкиот список.

Официјален организатор на Референдумот е Собранието на Република Македонија, право на жалба има организаторот на Референдумот, што значи пак Собранието, а референдумот како процес го спроведува Државната Изборна Комисија во којашто мнозинството членови се од власта. Еден од членовите на опозицијата (Движењето Беса) е од партијата што го поддржува Референдумот. Во изборните совети, општинските изборни совети се исто така делегирани вработени од државната администрација. И доколку Владата или коалицијата „За“ референдумот посака да им возврати на снимањето и фотографирањето на гласачите, многу лесно можат да влијаат на изборните совети што доаѓаат од администрацијата и да ги контролираат во гласачките списоци гласачите што излегле на гласање и тие што бојкотирале.

Ако се најдеме во ситуација едната страна да врши притисок преку фотографирање а другата преку механизмите на власта, тогаш административците или нема да бидат заплашени, или ако се плашат, ќе бидат исплашени од власта затоа што од неа им зависи работното место. И граѓаните, или не се плашат од ниедна страна, или, ако се плашат, тоа ќе биде од власта и нивниот одговор ќе биде: „Подобро власта да знае дека сум излегол на гласање и да сум „раат“ со нив, а опозицијата може да си ги задржи сликите и нема што да прават по тоа прашање бидејќи  немаат никаков механизам за одмазда!“.

Логично е дека опозицијата со своите фотографии никого не можат да избркаат од работа, никого не можат да деградираат на пониско работно место, никого не можат да затворат, на никого не можат да му монтираат никаков процес, итн. Ако власта реши да одговори на заканите од опозицијата, има големи можности да ги направи овие работи. Власта нема потреба да извади камерман или фоторепортер на улица, но многу лесно, без многу врева и без кршење на законот може да изврши контрола врз избирачкиот список. И доколку власта го направи тоа, многу лесно може да се оправда: не испровоцираа овие од бојкотирам со нивните закани и ВМРО -ДПМНЕ што е против Договорот за референдум нема никаков пристап до списокот на тие што гласале, а со новите правила набљудувачите немаат можност ниту да ги конторлираат гласачките списоци ниту да се мешаат во процесот, туку имаат право само да набљудуваат. И што е најлошо, ВМРО-ДПМНЕ не е застапена во процесот и нема ниту набљудувачи за барем оддалеку да гледа што се случува.

Е, ова е втората и најголема грешка што ја направија со своите политички натегања. Како резултат, со  нивните закани активистите за бојкотирање на Референдумот  нема да заплашат никого, туку како последица од тие закани може да постигнат да ја испровоцираат власта да им врати со ист јазик. Така што бојкотирачите не само што нема да постигнат да ги запрат гласачите, туку и ќе ги заплашат нивните потенцијални поддржувачи и ќе ги натераат да излезат на гласање затоа што самите ја испоровоцирале темата за опасноста и им пратиле порака: внимателно, затоа што и власта ве „следи“, и тоа официјално и многу лесно. Освен што и штетат на својата кауза, на овој начин активистите на „бојкотирам“ го загрозуваат и демократскиот процес со фотографирањата, снимањата, контролирање на списоците, следењето и заканите кон гласачите. На секоја опозиција низ светот и одговараат слободни и демократски процеси, тие работат највеќе за тие процеси да бидат такви, само кај нас, неформалната „опозиција“ предизвикува недемократски методи, ја заматува водата и му штети на процесот, и на себе.

 

Share23TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ