• Latest

Дудучки: Ако сакаме во Европа, време е да излеземе од етнонационалистичките трла

September 23, 2018
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дудучки: Ако сакаме во Европа, време е да излеземе од етнонационалистичките трла

September 23, 2018 13:36
in ВЕСТИ, РЕФЕРЕНДУМ
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа разговараше со д-р Мице Дудучки, невропсихијатар од Куманово, на тема референдум, неговите ставови и размислувања. Д-р Дудучки уште на самиот почеток ја истакна важноста на референдумскиот процес со кој не се губи ништо, а придобивките се огромни.

„Првпат имаме можност македонскиот јазик да се слушне рамноправно во Европскиот парламент со сите други јазици, по првпат имаме можност Македонија да се етаблира како меѓународно признаена земја со сите атрибути на државност, јазик, знаме, химна, култура и се разбира она за што многумина не знаат, ама толку многу зборуваат, тоа е идентитетот“, рече д-р Дудучки.

„Оние два дела на територијалниот поим Македонија што ние за наша употреба си ги нарекуваме Егејска и Пиринска Македонија се веќе во ЕУ и НАТО. Која е логиката и овој дел во кој ние живееме како граѓани на Република Македонија да не припаѓа на тие најголеми и најмоќни сојузи? Од друга страна, ако погледнеме граматички, додавката, односно географската одредница „северна“, само ја прецизира нашата географска положба во однос на територијата Македонија. Тоа граматички гледано е именска придавка или прилог за место. Придавката може само да ја опишува именката не може да ја менува. Значи ако гледаме од лингвистички аспект ниту правно, ниту логички не менуваме ништо со таа додавка. Со неа разрешуваме повеќедецениски ирационален спор со Грција“, објасни д-р Дудучки.

Според него, се отвораат перспективи за младите луѓе, со што би имале подобро образование и можност да работат слободно, за подобро здравство, подобра социјална заштита, инфраструктура, како и подобри услови за економски развој.

„Не треба да бидеме премногу умни за да ја сфатиме реалноста. Само треба да ги погледнеме соседните земји. Каде беа пред дваесетина години во економска, политичка и во смисла на човекови слободи, права и слободата на медиумите? Каде беа и каде се сега? Една латинска мудрост вели: Qui non proficit, deficit –  Кој не напредува, назадува. Ние со тапкање во место, тонеме… Зарем не е време да се свртиме кон иднината оти нашето историско минато не е кој знае колку светло, со кое би требало кој знае колку да се гордееме. Време на политички предавства, атентати и сè и сешто…“, истакна д-р Дудучки.

Како човек што долго време се образувал надвор од земјата, а одлучил своето знаење да го инвестира во Македонија, д-р Дудучки смета дека она што можеме да го постигнеме преку референдумот е сите граѓани во оваа земја да имаат подеднакви можности и да постои една здрава компетиција за успех.

„За жал, сè уште имаме ситуација во која партиите се работадавци. Не може ниту партијата, ниту градоначалникот, да одредуваат кој на која позиција ќе биде… Ние имаме проблем со функционирање на правната држава. Ние имаме европски закони меѓутоа сè уште не го применуваме европското право затоа што сè уште живееме во заробена држава“, потенцираше д-р Дудучки, укажувајќи на проблемите со кои сè уште се соочуваме.

„И за оние таканаречни „уставобранители“ што се колнат во Уставот, а не знаат всушност што е Устав, еден правен акт, што досега многу пати се менуваше, порано бевме ДФЈ или Демократска Федеративна Југославија, а бевме Народна Федеративна Република Југославија, па Народна Република Македонија, па бевме Социјалистичка Република Македонија и со тие промени го изгубивме ли идентитетот? Не,“, рече д-р Дудучки.

„Европа не сака веќе да има рак – рана во своето ткиво. Сака здрава, компактна целина… Умниот човек треба да живее во сегашноста и да биде свртен кон иднината. Ние закопани во овие етнонационалистички трла со национализам и шовинизам, со изолационизам, не одиме никаде“, беше дециден д-р Дудучки.

Биљана Јордановска

Камера: Атанас Петровски

Фотографија: Мелиса Муриќ


Ова интервју е дел од граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“, финансирана од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“

Tags: д-р Мице ДудучкиЕУреферендумСТАВ
Share34TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ