Дерала, ЦИВИЛ: ЦИВИЛ остро ги осудува сите случаи на злоупотреба на малолетни лица. Децата и малолетниците мора да бидат оставени настрана од политиката. Тоа што го видовме во изминатиот период, а очекуваме да се случи и за време на референдумскиот молк и на денот на гласање е жестока злоупотреба на деца и малолетници во овој политички процес.
Едноставно тие се наоѓаат на мета на структури кои ги притискаат и да моѓат потоа тие со нив да извршат влијание и врз нивните родители, врз гласачите. Тоа е неприфатлива состојба, тоа се неприфатливи постапки, крајно неморални и законски забранети.
Очекуваме институциите да преземат решителни санкции против сите што ќе се обидат децата и малолетниците да ги стават на својата листа на активности. Едноставно тоа мора да престане веднаш.
обработка на текст: Биљана Јордановска
камера: Атанас Петровски
монтажа: Владо Крстевски
фотографија: Ангела Петровска