• Latest

Исмаил: Референдумот е исчекор кон нормализација на општеството

September 27, 2018

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Исмаил: Референдумот е исчекор кон нормализација на општеството

September 27, 2018 17:46
in ВЕСТИ, РЕФЕРЕНДУМ
Share on FacebookShare on Twitter

„По 11 годишно окупирање на државата, нејзино темелно материјално, духовно и институционално опустошување, ние сега стасавме до еден момент кој го нарекуваме демократско изјаснување на граѓаните, како една фаза на процесот на ослободување на земјата. Тоа е за мене пред се и над се чекорот кој што се вика референдум и во таа смисла го сметам за еден многу важен момент од нашиот тежок живот. Нешто што би требало да го има секое нормално општество. Значи го сметам како исчекор кон нормализацијата, ако веќе зборот ослободување е претежок“, изјави Ѓунер Исмаил во разговор со ЦИВИЛ Медиа на тема референдум и референдумски процес.

ЦИВИЛ Медиа: Како според Вас помина предреферендумската кампања?

Исмаил: Па, процесот на доаѓање до овие моменти коишто ги нарекуваме референдум всушност започна во оној момент кога на изборите во декември 2016 година политичките групации или партии беа носители на овој процес, го добија мнозинството во парламентот и фактички од 1 јуни 2017 година, откако ја добија довербата на парламентарното мнозинство го почнаа процесот на заздравување или доослободување на земјата. Во тој процес многу беше битно да се обнови патот на Македонија кон овие големи интеграции, важни интеграции, интеграции коишто ќе ни обезбедат долг живот, долг опстанок, поквалитетен живот и во таа смисла референдумскиот процес почна во оној момент кога се направи владата којашто во моментов е на сцена. И владата којашто го води овој процес на ослободување. Друг е проблемот, друга е маката, друга е темата на тоа како тој процес се води. Дали е доволно брзо, дали е доволно квалитетно, но тоа е тема која, се разбира, во некоја друга прилика ќе го заслужи нашето внимание.

ЦИВИЛ Медиа: Што по референдумот?

Исмаил: Несомнено е дека на референдумот ќе имаме сосема успешен резултат. Тоа е многу важно. А по референдумот не очекува можеби парадоксално, но и потешкиот дел на работата. Најнапред во тоа не го сметам она што ќе биде парламентарна процедура на модифицирање на Уставот согласно на Договорот со Грција, тоа е еден дел. Вториот дел ќе биде многу потежок и многу непријатен и во таа смисла мнозинството се разбира што е на власт во оваа земја ќе мора многу длабоко да се замисли како до сега го водела процесот и како од сега ќе го води процесот. Постепено ќе се отвораат поглавјата што не се само формални поглавја за интеграција во ЕУ на Македонија, туку тоа се поглавја што од нас ќе бараат суштински промени на нашето пред сè однесување кон она што е општо добро, кон она што е држава, кон она што е управување со таа држава, владеење на правото, законитост на сите нивоа, неселективност на правдата… Ние во недела ќе ги изгласаме тие работи, референдумот ќе ја заврши таа фаза, но во крајна линија потоа не очекува потешкиот дел на работите.

Не би сакал да бидам некој којшто ќе ги набројува бенефициите со коишто ќе се стекнеме како членка на НАТО или на ЕУ. Тоа не се бенефиции што подразбираат дека од чешмите ќе потече млеко или мед ќе има на сите страни. Напротив, ќе бараат многу работа од нас, но во поинаков амбиент и услови, со полесно дишење и побогат кислород.

Дехран Муратов
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Владо Крстевски
Фотографија: Ангела Петровска


Овa видео-интервју е дел од граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“, финансирана од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“

Tags: Ѓунер ИсмаилреферендумСТАВ
Share44TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ