• Latest

„А, да превртиме камион со песок или нешто така, цело да се блокира?“

October 18, 2018
Фото: ANF Nеws

ПКК се самораспушти и го запира вооружениот конфликт против турските власти

May 12, 2025

Повеќе од публикација: Одбрана на демократијата и човековите права – повик за акција во борбата против националзимот, десничарскиот екстремизам и авторитаризам

May 12, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

„Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, протест на Независниот синдикат на полицијата за зголемување на платата

May 12, 2025
Фотомонтжа: Д. Мишев / ЦивилМедиа. Скриншот од видео на NEWS 18

 Американските експерти за владина етика згрозени од плановите на Трамп да прифати авион од 400 милиони долари како подарок од Катар

May 12, 2025

Одбрана на демократијата: Отфрлање на лажната рамнотежа и зајакнување на демократската отпорност

May 12, 2025
Фото: Фејсбук на Весна Јаневска

Јаневска: Средношколците во Штип, Битола и Скопје ќе полагаат државна матура во амфитетарите на универзитетите

May 12, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

May 12, 2025
Фото: МИА

ЕУ ја предупредува Русија – без прекин на огнот, нема мировни преговори

May 12, 2025

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„А, да превртиме камион со песок или нешто така, цело да се блокира?“

October 18, 2018 14:23
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Судењето за Титаник на СЈО за изборните нерегуларности продолжува на 24 октомври откако на денешното рочиште во Кривичниот суд беа пуштени околу 90-ина „бомби“ и беше прекинато по барање на обвинетиот Илија Димовски да може да присуствува на седница на собраниска комисија.

За овој предмет се предложени повеќе од 1.000 аудио снимки како материјални докази од СЈО, и на досегашните рочишта преслушани се повеќе од 600.

Најголем дел од „бомбите“ на денешното рочиште беа од 24 март 2013 година, за локалните избори, каде слуша како Миле Јанакиески се јавува по луѓе, да се информира како оди излезноста и дали се јавуваат и работат за излезност на гласачите.

Од разговорите можеше да се чуе како Миле, по план и саат се јавува по луѓе и им кажува кога „да притиснат повеќе, да се работи во кол центрите, кога „да истурат повеќе луѓе каде се послаби, па дури и да се јавуваат по фирмичиња со кои имале соработка“, а кога пак „да престанат со јавување и сите луѓе да ги изнесат да одат од врата на врата“.
Освен со претседатели на месни комитети и пониски членови од партијата, Миле Јанакиевски разговара и со поранешниот премиер Никола Груевски, екс министрите Гордана Јанкуловска, Никола Тодоров и Антонио Милишоски, но и со Амди Бајрам и Драган Павловиќ Латас.
Во разговор со Гордана Јанкуловска, Миле вели дека во 4:00 и 4:30 доаѓаат два авиона со Албанци во Охрид, па двајцата размислуваат како да ги спречат да гласаат, „дали да го задржат некако авионот да врти пред да слета, дали скалите за симнување да се постават подоцна или пак да се направи некоја сообраќајка, да се преврти трактор да не може со коли да ги земат“.
– А, да превртиме камион со песок или нешто така цело да се блокира, му вели Јанкулоска на Јанакиески.
Јанакиески во разговор со Никола Груевски му кажува дека се работи и дека имаат 100 кол центри што цело време се јавуваат, но и за резултатите и можноста да има втор круг во Центар, каде Миле го уверува дека ќе бидат 600 плус минус разлика со СДСМ.

– Да ни беа преспанциве ќе  завршевме работа, вели Груевски и му вели „види таму со нашиве да прават и неважечки за после да правиме записници се судиме“.

Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за за финансирање изборна кампања.

Со сведочење на Тулај Красниќи започна рочиштето за предметот „Титаник 3“ на СЈО во кој се обвинети Ејуп Аљими и Исмет Гури, затоа што како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година „уништувале изборен материјал“.

На прашање на јавниот обвинител Љубомир Лапе, Красниќи рече дека  на денот на гласањето отишла на отворањето на избирачкото место и поради болест на нејзиното дете заминала дома и во 19 часот се вратила на избирачкото место, при што со член на комисијата ги однела изборните материјали во општина Чаир.

Сведокот во повеќе наврати на прашање на обвинителот за многу работи не се сеќава, бидејќи биле пред пет години, при што на таквите одговори обвинителот Лапе рече дека се сомнева дека врз сведокот е извршен притисок или некој му се заканува. На прашање на Лапе дали се сеќава дека во СЈО дала исказ дека се плаши од агресивноста на Исмет Гури, сведокот рече дека не се сеќава ниту пак знае кој е тој.

Поради тоа обвинителот побара да биде прочитан записникот од исказот кој сведокот го дала во СЈО.

Судскиот совет одлучи да не се чита исказот со образложение дека сведокот кажала декане е под закана од Исмет Гури.

Одбраната одбиваше да го испрашува сведокот во директни испрашувања на што реагираше јавниот обвинител, а судот одлучи да се постават прашања и од страна на адвокатите на одбраната.

Судењето продолжува со испрашување на уште четворица сведоци.

А. П.

Print Friendly, PDF & Email
Share74Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ