• Latest

Продолжува пленарната седница за уставни измени, власта и опозицијата останаа на истите ставови

October 19, 2018
Фото: ANF Nеws

ПКК се самораспушти и го запира вооружениот конфликт против турските власти

May 12, 2025

Повеќе од публикација: Одбрана на демократијата и човековите права – повик за акција во борбата против националзимот, десничарскиот екстремизам и авторитаризам

May 12, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

„Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, протест на Независниот синдикат на полицијата за зголемување на платата

May 12, 2025
Фотомонтжа: Д. Мишев / ЦивилМедиа. Скриншот од видео на NEWS 18

 Американските експерти за владина етика згрозени од плановите на Трамп да прифати авион од 400 милиони долари како подарок од Катар

May 12, 2025

Одбрана на демократијата: Отфрлање на лажната рамнотежа и зајакнување на демократската отпорност

May 12, 2025
Фото: Фејсбук на Весна Јаневска

Јаневска: Средношколците во Штип, Битола и Скопје ќе полагаат државна матура во амфитетарите на универзитетите

May 12, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

May 12, 2025
Фото: МИА

ЕУ ја предупредува Русија – без прекин на огнот, нема мировни преговори

May 12, 2025

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Продолжува пленарната седница за уставни измени, власта и опозицијата останаа на истите ставови

October 19, 2018 08:50
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во Собранието на Република Македонија денеска напладне треба да продолжи расправата за Предлогот за пристапување кон уставни измени. Владејачкото мнозинство и опозицијата се уште се на истите позиции – пратениците од власта сметаат дека предлогот треба да биде прифатен за да се отворат вратите на НАТО и за ЕУ за Македонија, додека, пак, за опозициската ВМРО-ДПМНЕ предлогот, како и Договорот од Преспа од кој произлегуваат уставните измени се неприфатливи. 

Доколку денеска заврши расправата за Предлогот, што до Собранието го достави Владата, ќе треба да се пристапи кон гласање. Нема информација дали по завршување на расправата веднаш ќе се оди на гласање или, пак, тоа дополнително ќе биде закажано. За усвојување на предлогот е потребно двотретинско мнозинство. Пријавени за збор на оваа 61. седница останаа повеќе од десетина пратеници од владејачкото мнозинство, бидејќи пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во средата се откажаа од натамошна дискусија повикувајќи веднаш да се пристапи кон гласање.

Доколку Предлогот за пристапување кон уставни измени не биде усвоен од Собранието, би можело да се очекува распишување на предвремени парламентарни избори. СДСМ сака избори доколку не се успее да се собере двотретинско мнозинство во Парламентот, додека за ДУИ тоа не е решение.

Собранието на агендата за следната недела има закажано седници на комисии, а за среда е закажано продолжение на 61. седница.

Претседателот на Европската народна партија (ЕПП) Жозеф Дол, синоќа ја повика опозицијата во Македонија на одговорност пред гласањето во Собранието.

– Клучни одлуки треба да се донесат во ПЈРМ кои ќе ја одредат иднината на идните генерации. Опозицијата има голема одговорност за патот на земјата кон ЕУ и НАТО и треба да биде конструктивна во демократскиот процес, напиша Дол на Твитер.

Премиерот Зоран Заев вчера преку својата официјална Фејсбук страница уште еднаш ги повика пратениците да донесат правилна одлука и да кажат „да“ за можноста која е пред нив.

– Пратеници, да кажеме да на можноста пред нас. Историјата ги памети правилните одлуки, напиша Заев.

Премиерот вчера од струмичко Муртино порача дека тој и неговиот грчки колега премиерот Алексис Ципрас остануваат целосно посветени на перспективите на новиот Балкан на 21 век.

– Балкан во кој ќе се гради пријателство, во кој ќе се унапредува соработката, каде што ќе придонесуваме за подобар економски раст и раст на нашите земји, на посреќни граѓани и секако на зголемена трговија, нови инвестиции и подобар економски стандард на граѓаните и на Македонија и на Грција, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање за телефонскиот разговор со Ципрас и по оставката на министерот за надворешни работи, Коѕијас.

Заев додаде дека неговиот грчки колега го информирал за случувањата кај нив и дека тој останува посветен на договореното и дека је презема и функцијата министер за надворешни работи со цел и гаранција дека ќе се реализира Договорот од Преспа.

– Негувам надеж дека Парламентот ќе собере сили, дека пратениците ќе се одважат и охрабрат, затоа што, пред се, се претставници на граѓаните, а потоа на политичките партии и ќе се исправат пред историската одговорност, пред оваа непропустлива шанса за Македонија. Конечно да дадат спас за потврдување на потребата за отварање на уставни промени, рече премиерот Зоран Заев.

Објасни дека потоа ќе следува нацрт на уставните амандмани, по кои ќе се дискутира, ќе се одобрат, па ќе има јавна дебата и на крајот е гласањето за самите уставни амандмани. Побара да му се даде живот на овој процес, бидејќи тоа е единствената гаранција за подобри перспективи на сите граѓани, исполнување на нашите стратешки цели-ЕУ и НАТО и секако е шанса која не смее да се препушти.

На новинарско прашање дали не се откажува од мнозинство и како ќе успее да го обезбеди, претседателот на македонската Влада рече дека е верник и дека некогаш чуда се случуваат. Уставните измени, според него, треба да се направат со конзензус.

И пратеничката група на СДСМ вчера ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да подржат уставни измени. Координаторот на пратеничката група Томислав Тунтев поддржан од целата пратеничка група на прес-конференција во Собранието рече дека алтернатива не постои и оти секој друг предлог за друг пат на Македонија значи туркање на нашата држава во нови изолации и кризи.

– Македонија припаѓа на западниот свет, без разлика што Христијан Мицкоски има проблем со тоа, рече Тунтев.

Нивниот коалициски партнер ДУИ смета дека избори не се решение. Пратеникот Артан Груби на прес-конференција исто така придружуван од своите колеги рече дека „план Б нема“ и оти има само план „А“ а тоа е евроатланска Република Македонија, интегрирана полноправна членка со целиот западен демократски свет.

– Затоа се фокусираме целосно на план „А“ и успех на амандманската расправа во Собранието на Република Македонија. Убедени сме. Правиме напори интензивни, сме правеле сиве овие недели, продолжуваат и денеска и утре се до постигнување до конечен успех. Ние не се откажуваме од нашиот сон за интегрирација на Македонија во НАТО и во ЕУ, рече Груби.

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека пратеничката група е единствена и повикува денеска да се пристапи кон гласање. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ