• Latest

По Тони Михајловски обвинение и за Миленко Неделковски

October 19, 2018
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Хипокризија

August 9, 2026

SNAFU… Сите губат, некои само побрзо

August 9, 2026

ТЕРОР: Во последните 48 часа, Одеса, Кијив и 12 области под руски напад; најмалку четворица цивили загинаа во Кијив и областа, меѓу нив и тригодишно дете

August 9, 2026

Кога протоколот ја отсликува надворешната политика

August 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Два залaка и чувство на сопственост

August 8, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Србија – Украина: Цената на Вучиќ

August 7, 2026
Илустрација ВИ

Безбедносно тестирање: Напредните AI модели покажаа автономно измамничко однесување, експертите бараат построга регулација

August 6, 2026

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Архива

По жестоките руски напади: НАТО работи на итна испорака на противвоздушна одбрана за Украина

August 6, 2026

Сите цистерни со сертификат, нема штета: Што покажуваат доказите за „Мазут“?

August 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

По Тони Михајловски обвинение и за Миленко Неделковски

October 19, 2018 13:38
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Основното јавно обвинителство (ОЈО) поднесе обвинение против новинарот Миленко Неделковски за ширење расистички и ксенофобичен материјал, по пожарите кои летово ја зафатија Грција.

„Лицето се товари дека на 24.07.2018 година, преку компјутерски систем, во јавноста ширел ксенофобичен пишан материјал со кој промовирал омраза против група врз основа на етничка припадност. Имено, осомничениот како јавна личност – новинар, на својот јавен профил на една социјална мрежа, објавил коментар по повод пожарот на грчкиот полуостров Атика во кој имаше и човечки жртви. Притоа со коментарот промовирал омраза кон одредена етничка група – Грци кои биле засегнати од катастрофалниот пожар. За ова кривично дело, согласно Кривичниот законик, предвидена е казна затвор од една до пет години“, се вели во соопштението од ОЈО.

Од ОЈО велат дека во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител преку Министерството за внатрешни работи – Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика обезбеди детален документиран материјал за активноста од корисничкиот профил на осомничениот на социјалната мрежа како и други докази.

Неделковски не дал свој исказ пред надлежен јавен обвинител, бидејќи не бил достапен на неговата адреса за да му биде врачена поканата.

На 24 јули по пожарите во Атина, Неделковски на својот Фејсбук профил напиша „Да сме на чисто. Ич не ги жалам. Да даде Господ милион пати да им е полошо. Живи гореле на Атика. Не ги жалам. Нив Бог ги пали, не јас. Они моите сонародници не ги жалеле иако не Бог ами британците ги палеле. Така да, арно Бог ви прави. Живи ве гори. Сите до еден да изгорите“.

Пред неколку дена ОЈО покрена обвинение и против актерот и член на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски, поради закана на социјалните мрежи кон новинарот Бранко Тричковски.

Неделковски на својот Фејсбук приофил во однос на обвинението напишал: – Да ме претрка кумановац?! Ту, јазк!!!

Александар Пандов на својот профил на Фејсбук истакнал: – Фрфљо најави дека Тони прв ќе биде почестен, ама не го најави понатамошниот редослед. Денес и Миленко сте го појачале со кривична за ФБ статус! На крај работава ќе излезе: ”Ко задњи магарац”.

Д. М.

Share120TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ