• Latest

Регионот се подготвува за ерата на електромобилите

October 23, 2018
Фото: zbruc.eu

Револуцијата на гранит: Првиот украински Мајдан и неговите лекции по 35 години

October 13, 2025

Се финализираат подготовките за Локалните избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

Венецијанската комисија го одложи усвојувањето на оценката на предлог- законот за правична застапеност во Северна Македонија

October 13, 2025

Косово, локални избори: Ниска излезност, втор круг во 17 општини – според Курти, во Митровица имало инженеринг и мешање во изборниот процес

October 13, 2025

АВМУ: Ноќеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за Локалните избори 2025

October 13, 2025
Војо Маневски

Граѓаните прашуваат ли нешто?

October 13, 2025
Скриншот од видео на Sky News Australia

Сите 20 живи заложници во Газа ослободени и предадени на ИДФ

October 13, 2025
Илустрација ВИ

Последна недела од кампањата за локални избори

October 13, 2025
Скриншот од видео на
The Free Press Journal

Најмалку 27 лица убиени во судирите меѓу Хамас и вооружени членови на клан во градот Газа

October 13, 2025
Скриншот од видео на АРТ

Десетици убиени во судирите меѓу Пакистан и Авганистан во најжестоките борби откако Талибанците се вратија на власт

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Регионот се подготвува за ерата на електромобилите

October 23, 2018 13:32
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Транзицијата на електропреносните во паметни мрежи е голем предизвик на сите електропреносни систем-оператори. Во нашиот регион сите систем-оператори активно се подготвуваат за спроведување на решенија кои меѓу другото ќе овозможат и масовно користење на автомобили на електричен погон. Електропреносните систем-оператори од нашиот регион активно се подготвуваат да  спроведат решенија за имплеметација на паметните мрежи со кои меѓу другото ќе се овозможи масовно користење на електрични автомобил.

Ова, како што соопшти АД МЕПСО, е еден од заклучоците на супер – панелот на кој говореа генералните директори на електропреносните систем-оператори на Р. Македонија, Р. Србија, Р. Црна Гора, Р. Босна и Херцеговина, Р. Хрватска и Р. Словенија, што се одржа денеска во Сараево, Босна и Херцеговина.

Покрај оваа тема, актуелни беа и прашањата за имплементација на обновливите извори на електрична енергија и отварањето на регионалниот пазар за балансна енергија во земјите од нашиот регион.

Во своето обраќање пред околу 400 учесници на собирот Сашо Василевски, генералниот директор на МЕПСО говореше за актуелните инвестициски проекти,  за отварањето на пазарот на електрична енергија и интеграциите на регионално ниво и за предизвиците од транзицијата на електропреносните во паметни мрежи.

–  МЕПСО започна со реализација на компонентите од т.н. „паметни мрежи“ од кои некои се во иницијална фаза, додека поголемиот дел се веќе во фаза на спроведување. Како најзначаен проект, кој е од суштинско значење за интеграцијата на паметните мрежи е монтажата на оптички јажиња во должина од 200 км, која е цврста основа за понатамошна интеграција на компонентите од паметните мрежи, истакна Василевски.

Панелот на кој учествуваа првите луѓе на електропреносните системи од сите земји кои произлегоа од поранешна СФРЈ е дел од најголемиот светски собир на инженери од областа на електроенергетиката, кој го организира најголемата меѓународна инженерска организација  ИЕЕЕ ПЕС и годинава се одржува во Сараево започнувајќи од 22 до 25 октомври. На овој научно-технички собир се разменуваат искуства од најразлични области на енергетиката и се презентираат искуства за транзицијата на електропреносните мрежи во паметни мрежи.

ИЕЕЕ ПЕС е интернационална организација на инженери која е основана во 1886 година и ширум светот има повеќе од 38.000 членови меѓу кои многу светски истакнати инженери, менаџери и научници, а годишно организира над 40 конференции на различни локации ширум светот. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ