• Latest

Се финализираат подготовките за Локалните избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Се финализираат подготовките за Локалните избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025 13:46
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во печатницата „Киро Дандаро“ во Битола веќе се печатат гласачките ливчиња за Локалните избори 2025 закажани за в недела 19 октомври. Дистрибуцијата на недоверливиот и доверливиот материјал за гласањeто до Општинските изборни комисии, а потоа и до Избирачките одбори ќе се спроведе до крајот на неделава. Во сабота први гласаат болните и немоќни лица, лицата во домашен притвор, затворениците и лицата во странските домови.

Од Државната изборна комисија (ДИК) за МИА информираат дека дистрибуцијата на доверливиот материјал – изборните ливчиња и Избирачкиот список од печатницата до општинските изборни комисии ќе се диустрибуираат во четврок додека во петок ќе бидат доставени апаратите за биометриска идентификација. Дистрибуцијата ќе се врши со постојано и целосно обезбедување од страна на припадници на Министерството за внатрешни работи. Доверливиот материјал ќе се обезбедува од полицијата до самиот ден на гласање односно до недела 19 октомври.

Вкупниот број на гласачи запишани во Избирачкиот список за локалните избори изнесува 1.832.415 избирачи. Од овие избирачи во изводите на Избирачкиот список се запишани 1.717.803 избирачи, додека согласно евиденцијата на надлежните органи право на глас имаат вкупно 112.000 избирачи кои се на привремена работа или престој во странство, 2.162 избирачи кои се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор и 450 избирачи од домовите за стари лица. Гласање во дијаспората за Локалните избори нема согласно Изборниот законик, така што оние што сакаат да го искористат своето право на глас треба да допатуваат во земјава.

Во печатницата „Киро Дандаро“ се печатат онолку ливчиња колку што има запишани гласачи во Избирачкиот список и тоа за градоначалник и за советници, по 1 832 415, и дополнително за градоначалник на Град Скопје и за советници, каде право на глас имаат вкупно 474.304 избирачи.

За печатење на избирачките ливчиња се предвидени 48 милиони денари, но колку ќе бидат потрошени ќе се знае откако ќе се види согласно резултатите каде ќе има втор круг од изборите и уште колку ливчиња ќе биде потребно да се испечатат.

Завршуваат и роковите поврзани со изборните дејствија. На полноќ завршува рокот за објавување на резултатите од испитувањата на јавното мислење во врска со Локалните избори 2025, додека утре на полноќ (14 октомври) завршува рокот за пријавување за гласање на лицата во домашен притвор.

За гласањето во сабота на 18 октомври, пријавени се околу 9.000 болни и немоќни лица, што е повеќе од локалните избори во 2021. Во сабота гласаат и 2.162 затвореници и 450 избирачи од домовите за стари лица.

Во недела гласањето почнува во 7 часот изутрината и трае до 19 часот. Се гласа само еднаш, гласањето е тајно, а и на овие избори за идентификација на гласачите ќе се употребуваат апаратите за биометриска идентификација.

Локалните избори на 19 октомври 2025 година ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ