• Latest

Македонија е извлечена од изолација – продолжуваме кон евроатлантска иднина

January 13, 2019
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 4, 2025

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Македонија е извлечена од изолација – продолжуваме кон евроатлантска иднина

January 13, 2019 18:00
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната прес-конференција во Владата на Република Македонија се обратија заменик претседателката на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

„За помалку од една година направивме пробив кој нуди можности за Македонија и нашите граѓани, направивме промени кои ги забележа целиот свет. Изминатата година не беше лесна, но направивме подвиг и го обезбедивме местото за Македонија на масата на НАТО“, рече заменик претседателката на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и изрази задоволство од успехот на гласањето на уставните измени во Собранието.

 

„Членството во НАТО кое станува извесно е најсилна гаранција за стабилност, сигурност, за неменливост на границите, за зачувување на територијалниот интегритет на Македонија, но во исто време дава гаранции за сите сегашни и идни домашни и странски инвеститори и е вистинска политика како во Македонија да создаваме повеќе и подобро платени работни места“, рече Шекеринска и најави дека од денеска целиот фокус на Владата ќе биде насочен кон домашните реформи, кон принципот на владеење на правото, борба против корупција, економскиот раст, зголемена социјална сигурност.

„Покажавме дека кога ќе се фокусираме на едно прашање и кога сме спремни да направиме се во нашата моќ да го решиме и да обезбедиме шанса за државата, многу брзо успеваме да испорачаме резултати. Сега со истиот фокус, истата енергија и концентрација, ќе се посветиме на оваа домашна важна агенда која може да значи подобар живот и повеќе шанси особено за младите. По 12 години стагнација предизвикана од претходните гарнитури овие реформи бараат и време и напор бидејќи не зборуваме само за реформи, имаме потреба во некои области навистина од корен да ги менуваме работите. Да уништиш нешто не ти треба ни ум ни време ни знаење, но за да нешто одново создадеш ти треба и знаење и искуство и храброст и време и трпение. Со последниот чекор Македонија ги отвори вратите и за членство во НАТО и за почеток на преговори со ЕУ. Денеска е вистински момент да оддадеме признание на сите оние кои ова го постигнаа и помогнаа Македонија да го направи овој подвиг – граѓаните на РМ меѓутоа особено пратениците во собранието кои навистина интересите на државата ги ставија на прво место“.

Во делот на одбраната, Шекеринска рече дека со Стратегискиот одбранбен преглед и реформите во Армијата и обраната, веќе докажавме дека она што ќе го најавиме се испорачува, а во следниот период фокусот ќе биде ставен на модернизација на Армијата на обезбедување на наши воени кадри кои ќе го заземат своето место во рамките на Алијансата.

„Добрите вести од Македонија влијаеја и на нашите сојузници. Очекуваме и од наша страна и од страна на сојузниците навистина брза амбициозна агенда за наше пристапување кон Алијансата. Кога сојузниците ќе ја видат вашата решеност и храброст, дека зборот си го почитувате и дека тоа што ќе го најавите и ќе го испорачате, и тие стануваат поамбициозни. Затоа како Влада и Министерство веќе се подготвуваме со кои капацитети седнуваме на таа маса со сојузничките сили. На таа маса секој глас се брои, на таа маса нашата земја ќе одлучува заедно со најмоќните воени сили во светот како сојузник како член и како еден од триесетмина“, рече министерката и потсети на симболиката на 2019 година – година во која НАТО го прославува 70-от роденден а Македонија седнува на сојузничката маса.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи во своето обраќање ги потенцираше важноста на решавањето на овој повеќедецениски спор за започнувањето на преговорите за членство на Република Македонија во Европската Унија.

„Направивме историски успех. Сите ние заедно, политичарите, пратениците, институциите, вие медиумите, граѓаните, Македонците и Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите и Бошњаците, сите граѓани кои ја чувствуваат оваа земја како своја, кои ѝ посакуваат напредок, просперитет, сите оние кои посакуваат стабилна и безбедна иднина за своите деца“, истакна Османи на почетокот од своето обраќање, посочувајќи на извесноста на евроатлантската иднина на земјава по изгласувањето на уставните измени и имплементацијата на Договорот од Преспа.

„Успехот на Македонија и Грција да ги затворат отворените прашања, успехот на Преспанскиот договор, претставува поттик, претставува пример и за останатите земји од Западниот Балкан за тоа како се градат добри односи со соседите, како преку компромиси, преку разговори и позитивен пристап се затвораат отворените прашања“, нагласи Османи, упатувајќи порака и до соседите – Косово и Србија, со повик да го следат примерот на Македонија и Грција, да ги отворат и прошират своите политички видици, и да создадат можност за политички компромис, за кој посочи дека ќе претставува успех и за целиот регион.

На крајот Османи упати повик и за изградба на единство за европската и евроатлантската иднина на земјава до сите политички и општествени елити.

„Надворешното помирување, надворешната интеграција, нема да биде целосна без да обезбедиме и внатрешна интеграција, без да дадеме шанса и за внатрешното помирување; без изградба на политичкото и општествено единство за иднината на нашата земја, кое ќе обезбеди европска и евроатлантска иднина за Република Северна Македонија!“,  заокружи Османи.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров во своето обраќање се задржа на три главни поенти, суштината на решавањето на овој повеќедецениски надворешно-политички спор, неопходноста од неговото решавање за нашата држава и за важноста на нашите аспирации за членство во НАТО и Европската Унија и каква надворешна политика манифестираме преку овој процес.

 

 

Тој потсети дека во 1993 кога влеговме во Обединетите Нации добивме обврска од Советот за безбедност да ја надминеме разликата околу името со Република Грција и во таа смисла министерот Димитров потенцираше дека го решивме најголемиот надворешно-политички проблем кој ни ја затвораше вратата за напредок и не влечеше назад.

„Го решивме најголемиот надворешно-политички проблем кој како камен на плеќите ни тежеше од почетокот на нашата независност. Ги отвораме вратите кон иднината, си ја преземавме одговорноста, ја заокруживме нашата државност, го заштитивме идентитетот и обезбедивме сигурна иднина за нашите идни генерации“, рече министерот Никола Димитров и рече дека сега е време да го фатиме возот за ЕУ и да се прилагодиме на контекстот во регионот, Европа и светот.

„Успеавме да докажеме дека во нашиот дел од Југоисточна Европа можеме да спроведуваме европски вредности на дело. Да работиме на доверба, да работиме на разбирање, да се фатиме во костец со тешки повеќедецениски проблеми, да ги решиме и тоа практично значи дека така и настана Европската Унија и затоа во сите честитки се вели дека ова што го постигнавме е инспирација за сите во ЕУ. Од комшиите направивме пријатели и сојузници“, потенцираше министерот Димитров.

 

Share41Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ