• Latest

250 грчки интелектуалци со поддршка на Преспанскиот договор

January 23, 2019
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

250 грчки интелектуалци со поддршка на Преспанскиот договор

January 23, 2019 15:16
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Околу 250 грчки интелектуалци денеска го ставија својот потпис на Иницијативата за поддршка на Преспанскиот договор. 

„Со Договорот од Преспа се затвори рана, која беше отворена речиси три декади. Тоа е чесен договор и ветувачки компромис, со кој се заштитува иднината на граѓаните на двете земји, преку мир, солидарност и соработка“, се нагласува во Иницијативата за поддршка.

Во иницијативата пишува дека сложеното име со географска одредница за севкупна употреба целосно ја покрива грчката позиција и ја искажува волјата на Македонија за решавање на долгогодишниот спор.

Грчките интелектуалци нагласуваат дека живееме во време кога во Европа се случува подем на екстремната десница и национализмот.

„Договорот од Преспа е еден од малкуте светли точки во овој период низ Европа. И тој беше поздравен како таков. Поради тоа го поддржуваме, без разлика на нашите политички гледишта. Во нашето општество денес се случува конфликт што оди подалеку од тесното поле на политичките контроверзи, оди понатаму од сферата на нарушените социјални релации и задира во есенцијалното поле на културните реалции. Забележуваме дека некои луѓе сакаат Грција да ја вратат сто години наназад. Фобичниот, длабоко ретрограден и реакционерен наратив излезе од темните предели на историјата во однос на Преспанскиот договор“, велат потпишаните грли интелектуалци и уметници.

Нагласуваат дека тие секојдневно се во дијалог со општеството преку уметноста, со песни, музика, поезија, театар, танц, пишување, размислување, кино, преку сите можни човечки начини на изразување, со цел „да допреме до луѓето кои се на тест од оваа криза на поделби во општеството кое боли и кое е болно“.

„Го обединуваме нашиот глас со гласот на нашите соседи кон националистите кои сакаат да не изолираат и кон реториката на омраза и испраќаме порака на пријателство и солидарност. Го обединуваме нашиот глас со милиони луѓе во светот кои се подготвени да ја бранат слободата, пријателството, демократсијара и човечките вредности“, нагласуваат потписниците на иницијативата.

М. И.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ