• Latest

Грнчароска: Медиумите во Македонија не посветуваат внимание на Холокаустот

February 4, 2019
Фото: ANF Nеws

ПКК се самораспушти и го запира вооружениот конфликт против турските власти

May 12, 2025

Повеќе од публикација: Одбрана на демократијата и човековите права – повик за акција во борбата против националзимот, десничарскиот екстремизам и авторитаризам

May 12, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

„Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, протест на Независниот синдикат на полицијата за зголемување на платата

May 12, 2025
Фотомонтжа: Д. Мишев / ЦивилМедиа. Скриншот од видео на NEWS 18

 Американските експерти за владина етика згрозени од плановите на Трамп да прифати авион од 400 милиони долари како подарок од Катар

May 12, 2025

Одбрана на демократијата: Отфрлање на лажната рамнотежа и зајакнување на демократската отпорност

May 12, 2025
Фото: Фејсбук на Весна Јаневска

Јаневска: Средношколците во Штип, Битола и Скопје ќе полагаат државна матура во амфитетарите на универзитетите

May 12, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

May 12, 2025
Фото: МИА

ЕУ ја предупредува Русија – без прекин на огнот, нема мировни преговори

May 12, 2025

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Грнчароска: Медиумите во Македонија не посветуваат внимание на Холокаустот

February 4, 2019 15:06
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Пред повеќе од седумдесет години пропагандата во медиумите беа едно од главните орудија во рацете на креаторите на Холокаустот во спроведување на геноцидот врз Евреите. Со говор на омраза и ширење на лаги за она што се случувало во концентрационите логори, канализирани преку медиумите, нацистите го сторија најголемиот злостор врз еден народ во историјата. Тоа беше голема лекција за иднината, за моќта на медиумите и нивното влијание врз обликувањето на јавното мислење“, изјави новинарката од ТВ Телма, Тамара Грнчароска, на конференцијата „Борба против антисемитизмот и искуствата од Холокаустот“ по повод Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот.

Грнчароска нагласи дека денеска демократскиот концепт на едно општество се мери преку толеранцијата токму на различностите, слободата на говорот, но и преку улогата на медиумите во борбата против сите дискриминација.

„Во Македонија постои законска регулатива која го дефинира и казнува говорот на омраза. Сепак и покрај тоа сведоци сме дека некои медиуми ја поминуваа тенката линија меѓу слободата на говорот и злоупотребата на тоа право. Низ годините имаше ширењето на национализам, верска и политичка нетолеранција, омраза кон одредени групи на граѓани, како ЛГБТ заедницата, ромската заедица, кои беа најчеста форма на злоупотребување на слободата на говорот во медиумите во земјава. Имаше и случаи и на антисемитизам. Таквите пораки најчесто беа затскриени преку напади и негативно прикажување на една личност или група луѓе, но со потенцирање на неговата или нивната етничка припадност. Неодамнешен пример за такво нешто е текстот објавен на една македонска интеренет телевизија, пред точно два месеци, за затворање на канцелариите на фондацијата „Отворено општество“ во Турција, на Џорџ Сорос, со наслов: Славниот унгарски Евреин милијардите ги троши за делење на нациите. Веста со слично етничко етикњетирање на Сорос ја пренесоа и неколку интернет портали“, изјави Грнчароска.

Таа нагласи дека и покрај негативните примери, сепак мејнстрим медиумската заедница и традиционалните медиуми во Македонија, се борат против говорот на омраза и антисемитизмот. Како пример за тоа, вели Грнчароска, се новинарските текстови во сите релевантни медиуми во Македонија со осуда на случаите на антисемитизам, како што беше испишувањето на кукести крстови на јавно место во Прилеп пред точно една година, како и случајот на цртањето на свастика во Куманово неколку месеци подоцна.

„Кога се зборува за медиумите мора да подвлечам дека во јавноста често не се прави разлика меѓу мејнстрим медиумите, зад кои стои уредувачка политика, цели тимови новинари и уредници, кои се дел од системот на саморегулација во медиумите, но и одговараат за содржините што ги објавува пред ААВМУ, и  интернет сајтови без импресум, блогови, зад кои често стои само едне човек, кои не одговарата никому за она што го пласираат во јавноста. Социјалните мрежи се сивата зона преку која денес најмногу се шири говор на омраза, ксенофобија и антисемитизам, преку лажни вести и злоупотреба на фотографии и видеа. Истражувањата покажуваат дека 47% од граѓаните во земјава се информираат преку телевизиите, а исто толкав процент информациите ги црпат од веб-порталите и социјалните мрежи“, исткна Грнчароска.

За еклатантен пример на злоупотребата на социјалните медиуми за константно ширење на говор на омраза и антисемитизам таа го посочи порталот Дудинка кој во 2016 објави невистини за Холокаустот и омраза кон еврејската заедница, што за жал помина без реакција од Јавното обвинителство. Што се однесува до борбата на медиумите против говорот на омраза и антисемитизмот, Грчнароска нагаласи дека борбата се води инцидентно, што не приоднсува до превенција од штетите и последиците.

„Како пример ќе го наведам фактот дека иако денеска го одбележуваме Денот на сеќавање на Холокаустот, медиумите во земјава изминативе денови не посветија дел од своите програми да потсетат на Холокаустот, да потсетат тоа што може да направи говорот на омраза и антисемитизмот – да потсетат на геноцид врз еден народ што се случи во Европа пред повеќе од 70 години, при што беше збришана и целата еврејска заедница од Македонија, кога 7.144 луѓе, од ова парче земја, само поради тоа што беа Евреи, завршија во логорот на смртта – Треблинка. Се сеќаваме на нив на денот на депортацијата, 11 март, што секако не е доволно доколку сакаме да ја пратиме пораката – тоа никогаш, никаде, повеќе да не се повтори“, додаде Грнчароска.

Обработка на текст: Б. Јордановска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети

 

Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ