• Latest

Каде грешиме?

February 5, 2019

Европа „слетa“ во Тирана, опозицијата на Бериша протестира против изборите

May 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
Forbes Breaking News

Рубио: САД се „загрижени“ од хуманитарната ситуација во Газа 

May 16, 2025

Додик продолжува со геноцидната реторика: Муслиманите во БиХ повторно сакаат војна; Сакаат да донесат џихадисти и да спроведуваат шеријатски закон; БиХ треба да се распадне

May 16, 2025

Меџити: „ВЛЕН“ нема да остане со девет пратеници, уште четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

May 16, 2025

Таравари до Мицкоски поднесе неотповиклива оставка од функцијата министер за здравство

May 16, 2025

На вториот ден од блокадата на судот во Нови Сад, полицијата повторно употреби пепер спреј

May 16, 2025
Јане Ѓорѓиоски

Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

May 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на Daily mail

Тринаесет повредени откако автомобил се заби во публиката пред фудбалски натпревар во Барселона

May 16, 2025
Фото: Влада

Мицкоски за Euronews: Граѓаните живеат тешко, но се враќа надежта дека може да нè биде

May 16, 2025

Прододолжува судењето за убиството на Вања и Панче

May 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Каде грешиме?

February 5, 2019 10:20
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Ова четиво нема намера никого да навреди, напротив. Има за цел да покрене една инцијатива која и тоа како многу и е потребна на оваа наша Македонија.

Војо Цветановски

Кога прочитав за неписменоста меѓу луѓево наши на крај памет не ми падна ниту да иронизирам, ниту иронично да го читам тоа, ниту со потсмев да гледам, ниту пак да ја коментирам во негативна конотација информацијата дека над 50% од луѓево во Македонија според последните статистички податоци се неписмени. Тоа другарки и другари со еден збор кажано е катастрофа. Не, не е катастрофа, катастрофа над катастрофите е. Мене, искрен да бидам, целосно ме порази овој податок. Ме порази како личност, како некој кој живее и твори и во и за оваа земја, кој потем е и социјално одговорен и гласно се бори за подобро утре за сите кои останавме и имаме намера да останеме да живееме тука, во Македонија, без разлика на националност, верска или политичка припадност.

Сите сме виновни кои сме можеле да придонесеме за да не се случи нешто слично вакво. Сите до еден.

Деновиве никако не можам да си одговорам на едно многу елементарно прашање. Каде грешиме? Што е тоа што погрешно го правиме во меѓувреме додека одиме на патот кон Европа. Јас имам неколку претпоставки, но, тие и не се толку важни во овој момент. Тоа се само мои претпоставки и толку. Многу поважно од било што друго во овие моменти е одговорните да седнат на маса, да ги повикаат сите оние кои можат на било каков начин да помогнат и конечно полека, полека да почнеме да излегуваме од оваа образовна утопија со која моментално се соочуваме. Ќе повторам уште еднаш: 50% од луѓево наши статистички се прогласени неписмени.

Воопшто не се изненадувам што на последната анкета 83.7% рекоа дека сакаат да си одат одовде. Меѓу нив не знам дали се испитувале и дел од оние кои статистички се водат како неписмени, можеби и да, но, после одговорот за оваа образовна утопија, сосем нормално е луѓево да сакаат да си одат одовде, кога гледаат во каков јазол сме врзани, кога гледаат дека елементарното образование ни се претвори во ништожност. Чест на исклучоците. Тие самите знаат кои се, а меѓу нив имам блиски и тоа како блиски.

Прстиве ми отекоа, устава пена ми фати од пишување текстови и од зборување за тоа како да почнеме да ја градиме иднината која лично сметам дека мора да тргне на подобро. Веќе нема никаков простор за импровизација.

Со изградбата на подобро утре мораме да почнеме од вчера.

Се сеќавам дека во една прилика кога во Драмски ја работевме претставата „Лебедова песна“ според неколку водвиљи на Антон Павлович Чехов, меѓу кои и самата „Лебедова песна“, во режија на Бранко Ставрев, господинот Ставрев за време на една од пробите раскажуваше дека уште од времето на Чехов и Станиславски, во Русија, наставниците, односно даскалите оние одделенските, биле третирани како почесни граѓани. Живееле во државен имот во огромна  куќа сместена во планина, далеку од целиот градски хаос. За да можат да се сосредоточат на создавањето на новите генерации и кога не се на училиште. Да работат во мир. Државата се грижела за нив на толку деликатен начин. Биле третирани како богови. Биле рамо до рамо со лекарите, научниците, големите театарски и филмски умови …

Се разбира, образложението за тоа е дека тоа се луѓето кои ги создаваат истите тие лекари, научници, режисери и дека за нив треба да се грижиме на посебен начин. Апсолутно дека се согласив со него. Тука е клучот, односно е еден од клучевите за создавање на писмена нација, нација која ќе произведува кадри кои светот ќе ги помни по нивните дела создадени во најразлични видови на науки, уметност, спорт, медицина и тн признаени од светот и запаметени по своите дела, но и од земјата од која доаѓаат.

За останатите професии не можам да зборувам, но, за мојата можам. Кога ја правевме претставата ПОБЛИСКУ од Патрик Марбер, во моја режија, во ДОМ на АРМ, пред околу пет години и кога на една од паузите во еден разговор со еден од актерите разговаравме каде е проблемот со кој се соочува денешниот театар во Македонија, јас го лоцирав во образовниот систем.

Се согласивме дека потребна ни е поголема критична маса меѓу публиката која уште од рани години треба да биде театарски едуцирана на највисоко можно ниво, ќе биде и тоа како поткована со знаење и кога ќе доаѓа на театар да гледа едно драмско дело да ги знае основните параметри за истото и ќе може потоа да го гради мислењето за театарските работници во оваа наша држава. А, сето тоа ќе го научи уште во основно и средно училиште, односно на часовите по македонски јазик и литература каде што покрај стандардната програма која ја изучуваат ќе се вметне и дел од театарската едукација. Ќе се изучуваат делата на големите автори, стандардите, принципот на работа на пишување, пораката која ја испраќал итн. ќе се изучуваат методите на големите театарски педагози, режисери, актери, сценографи …

Не сакам да бидам погрешно разбран дека со ова ја потценувам публиката, напротив, сметам само дека театарот во она време во кое јас бев дел од него, насоката по која се движеше не беше најсоодветна и од тие причини проблемот го лоцирав многу повеќе во образовниот систем во кој недостасува театарска едукација.

И додека ги пишувам овие редови стигнува веста дека македонскиот документарен филм „Земјата на медот“ во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, победил на престижниот филмски фестивал „Санденс“ кој се одржува во државата Јута, во САД. Потоа се сетив дека Ѓорче Ставрески со „Исцелител“ направи р’шум низ светов, дека Марјан Алчевски ја напиша првата регионална ХБО серија, дека оставени се трајни дела во полето на уметноста, имиња и презимиња газат по оваа мала Македонија што светот може да се „штукне“ од памет кој се’ живее и потекнува одовде. Да не ги редам со име и презиме, тоа се еден куп прекрасни луѓе кои неуморно создаваат убавини за сите нас. Тие сами ќе се препознаат.

И да сме на јасно, ниту јас не верувам дека секој од нив е подготвен да биде педагог, се разбира дека ништо не значи тоа што некој е одличен уметник, може да е и добар педагог.

Но, оние кои ќе покажат таква способност, а ќе бидат повикани од педагози со кредибилитет, на таквите и тоа како треба да им се даде можност да едуцираат. Верувам дека меѓу луѓево има и тоа како подготвени да создаваат нови и подобри генерации од овие што се денес. Единствено што треба да им се даде можност за тоа и да не им се стои на патот во создавањето на нова и понапредна генерација, една и повеќе од една. И не мора да е тоа низ класичниот образовен систем. Нека се воведат нови начини на едуцирање, нови принципи на алтернативен пристап во едукацијата, образованието итн.

А кое беше она моето неважно мислење? На кратко:

Не другари, ова не е неписмена нација. Насоката по која оди целата оваа држава е погрешна, па и во образовниот и културниот систем. Сменете го тоа, донесете ги вистинските луѓе да почнат да едуцираат и да видите како статистички ќе опадне оваа бројка за само една генерација. Тргнете ги партиските кадри од образованието и поставете елоквентни кадри кои и тоа како и ќе создадат возбуда меѓу младината и ќе ги насочат, а и натераат да размислуваат во насока на себевоздигнување што се однесува до нивната образовна воспитаност.

И доколку сметате дека е важно, помислете дали има смисла да се тргне од тука.

И сосем за крај, пред извесно време напишав колумна во врска со образованието која ја разложив преку игра на зборови: Образ ова ни е.

Не дозволувајте целосно да го загубиме образот пред очите на останатиот дел од светот. Не сме ние глупи

Print Friendly, PDF & Email
Share51Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ