Претседателот на Собранието, Талат Џафери пред малку ги распиша претседателските избори и предвремените локални избори на трите општини, Дебар, Охрид и Ново Село.
Џафери изјави дека одлуката ќе ја препрати до ДИК за да почнат подготовките и повика на одржување фер и демократски избори.
„Пред малку ги потпишав решението за распишување на претседателските избори и предвремените локални избори за Дебар, Охрид и Ново Село. Изборите ќе се држат на 21 април. Секои избори се можност за надградба на добиената позитивна оценка добиена на последните избори. Во периодот кој доаѓа, Република Македонија ќе го полага тестот на капацитетот и зрелоста. Фер и демократските избори се еден од условите по кои ќе не ценат. Затоа ги повикувам ДИК, партиите и вас граѓаните, да имаме избори кои личат на европска земја. Јас сум уверен дека сите учесници ќе придонесат изборите да поминат на демократска атмосфера“ – изјави Џафери.
текст и фото: А. Зеќири