Јавниот обвинител, Љубомир Јовески, денеска до Собранието го испрати барањето за автентично толкување за член 22 од Законот за СJO.
Членот 22 гласи: Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражната постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на превземањето на предметите и материјалите во негова надлежност“.
„Врз основа на пропишаното, обвинителствата и Основниот суд Скопје 1, оваа одредба ја применуваат така што, бидејќи се работи за две различни дејствија, рокот од 18 месеци се засметува од последното дејствие од двата услови: превземање на предметите и превземање на материјалите во надлежност. Материјалите од незаконското следење на комуникациите, на Обвинителството му се предадени на 30.12.2015 година, а одредени предмети, веќе оформени во јавните обвинителства, беа превземани во различни временски периоди. Во овој случај, рокот од 18 месеци се засметува различно за секој предмет посебно, од денот на неговото преземање. Ваквата примена на Законот, не е спорна во јавните обвинителства, ниту кај претседателите на советите и судиите во Основниот суд Скопје 1, кои се надлежни за постапување по овие предмети“, стои во соопштението на Јавното обвинителство.
А. П.