• Latest

Дводневна жалост, 14 загинати во автобуската несреќа кај Ласкарци

February 14, 2019
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дводневна жалост, 14 загинати во автобуската несреќа кај Ласкарци

February 14, 2019 06:55
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

По синоќешната трагична автобуска несреќа на автопатот Скопје – Тетово загинаа 14 патници, а многу од преживеаните се борат за својот живот.

На вечерашната вонредна владина седница, одлучено е 14 и 15 февруари да бидат прогласени за ден на жалост.

„Ова е тешка ноќ, полна со неизмерна болка и тага. Сочувствуваме со семејствата на загинатите. Ние ги мобилизиравме сите сили и капацитети за да им помогнеме на повредените. Интервенциите беа брзи и од страна на полицијата и од страна на болниците, како на државните така и приватните“, изјави премиерот Зоран Заев.

Тој рече дека причините за несреќата се уште се непознати, а истрагата е под раководство на надлежен јавен обвинител.

Засега, познато е дека автобусот со 51 патник од Скопје тргнал во 16.15 часот, а со него најчесто патувале јавни службеници и студенти од Гостивар. Тој, според досегашните информации, поминал на спротивната коловозна лента, влегол на регионалниот пат и паднал во удолнината. На лице место починале седум луѓе.

Во Градската болница „8 Септември“ примени биле 37 лица, од кои 6 починале. Во „Св. Наум Охридски“ починало 1 лице, а на Клиничкиот центар примени се 7 лица, од кои 3 се со сериозни повреди. На Ургентниот центар е примена и една 28-годишна бремена жена, која е во добра здравствена состојба.

Возачот на автобусот е хоспитализиран во Градската болница, со него веќе разговарала полицијата и тој, како што информираше министерот за здравство Венко Филипче, е во добра здравствена состојба.

Телата на починатите патници се предадени на обдукција во Институтот за судска медицина, а дел од нив се уште не се идентификувани.

Доцна синоќа пред Градската болница „8 Септември“ беа читани имињата на преживеаните патници, додека нивните семејства и роднини чекаа во неизвесност со надеж дека ќе го слушнат имињата на нивните блиски на листата преживеани.

Во текот на денешниот ден се очекуваат повеќе информации за повредените патници и за причините за трагичната автобуска несреќа во близина на Карпалак.

На денешната седница на Советот на Општина Гостивар, се очекува да де донесе одлука за прогласување на тридневна жалост во знак на почит кон загинатите.

М. И.

Share28TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ