Специјалното јавно обвинителство ќе се спојува со Основното јавн ообвинителство, изјави Рената Дескоска во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.
Дескоска додаде дека законските текстови биле ставени на јавна дебата, а добиле и сугестии од странски експерти, па сега сметаат дека финалните законски решенија се најдобри.
„Во моментов изработен е текст во Министерството за правда, кој ги сублимира добрите решенија од едниот и од другиот закон и во неговите одредби се содржани одредби кои што го воспоставуваат СЈО како траен орган во системот на ЈО со одредени гаранции на нивна автономија бидејќи сепак мора да бидеме свесни дека системот кој што остана зад нас, кој што беше повод и причина за формирање на СЈО може да се врати било кога. Ние мора да имаме механизам кој ќе биде на некој начин против тежа на ЈО со цел да може да функционираме како држава која гради владеење на правото“, изјави министерката за правда, Рената Дескоска во „Клик плус“.
Иако СЈО ќе биде дел од ОЈО, сепак, како што појасни Дескоска ќе си ја задржи својата автономија. Исто така, ставена е одредба со која ОЈО ги презема делата кои се однесуваат за сторени дела кои се од највисоките функционери.
Б. Ј.