Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, на денешната средба со граѓанските организации, изјави дека граѓанскиот сектор е нивниот најголем сојузник во борбата против корупцијата и дека денешната средба е пособено иницирана во пресрет на претседателските избори, бидејќи сметаат дека ќе можат да очекуваат голема помош и поддршка и значаен број на информации.
„Ова е наша работна средба, од сега па натаму можеме да се договараме колку често ќе ги оддржуваме, се со цел да ја зајакнуваме нашата соработка, во насока на општо добро на сите“, додаде Ивановска.
На новинарско прашање во однос на предметот кој го најавија дека ќе го отворат предмет за оние 18 спорни на листата на вработувања на јавни функционери во Антикорупциска, за кои во меѓувреме имаше и повлекувања и дека некои државни претпријатија велат дека сè уште ДКСК не ги побарале соодветните материјали, претседателката изјави дека во тек се испраќањата на барањата.
„Морате да имате предвид дека ние имаме многу мали човечки ресурси во секретаријатот, буквално едно лице ги работи сите тие барања. Битно е дека се работи постојано“, додаде Ивановска.
А. Петровска