• Latest

Крвавиот четврток: Обид за убиство на демократијата со предумисла. Осум години подоцна — молк!

April 27, 2025

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Крвавиот четврток: Обид за убиство на демократијата со предумисла. Осум години подоцна — молк!

April 27, 2025 15:28
in ДЕМОКРАТИЈА, КОМПАС, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Ништо не беше случајно тој ден. Ништо не беше спонтано. Пролевањето крв беше испланирано, намерно, добредојдено… Крвавиот четврток, 27 април 2017 година, беше кулминација на операцијата што беше подготвувана по нарачка од режимот кој сѐ уште ги имаше сите лостови на моќта, во блиска соработка со полициското подземје и помогнато од разузнавачки оперативци од Белград и Москва. Со месеци пред тоа, медиумско-пропагандната машинерија ја загреваше атмосферата до усвитување. Истата машинерија никогаш не стивна. Ја гледаме и денес.

Точно така, овде станува збор за напад кој не започна тогаш, на тој ден, 27 април 2017 година. Тоа беше внимателно граден политичко пропаганден процес во кој насилството беше основна алатка за опстанок, а омразата и стравот беа дел од стратегијата на кликата што се бореше да се задржи на власт. Упадот во Собранието не беше спонтано изразување на незадоволството, далеку од тоа.

Целта беше очигледна – да се задржи власта по секоја цена, да се спречи мирната транзиција на власта. Едноставно, режимот не беше подготвен достоинствено да го напушти тронот на власта и да ја понесе одговорноста за 11-годишното клептократско и авторитарно владеење со кое ја зароби државата. Со насилството на Крвавиот четврток – без оглед на тоа што не успеа да се задржи на власт, како и со сите следни чекори, режимот, односно силните остатоци на режимот, заштитени со парите и влијанието на олигархијата – ѝ се нанесе силен, а од оваа временска дистанца гледано, и неизлечив удар врз основите на парламентарната демократија.

Никогаш нема да се избрише сеќавањето на таа толпа насилници од кои еден добар дел беа маскирани, со прецизно наведување и координација, упаднаа во парламентот, тепајќи пратеници и новинари, обидувајќи се да го поништат демократскиот избор на новото парламентарно мнозинство, кое за претседател на Собранието го избра Талат Џафери од Демократската унија за демократија.

Земјата тој ден стоеше на работ на бездната што можеше лесно да доведе до диктатура, хаос и насилство, а веројатно и до внатрешен вооружен конфликт. Тоа впрочем, беше и цената што ја истакнаа тие што не сакаа да го признаат политичкиот пораз и да заминат во опозиција.

Осум години подоцна, македонското општество реши да молчи на овој критичен датум. Со исклучок на една кратка објава на Фејсбук од СДСМ, и со настан на Алијансата за Албанците, кои организираа средба со новинари во знак на сеќавање на Крвавиот четврток, со став или изјава не се појави ниту еден политички ентитет, ниту една политичка фигура до 15:30 часот, кога овој текст се привршува.

Да потсетиме: на тој ден, претседателот на Алијансата речиси го загуби својот живот во нападот, кога во коридорите на Собранието се здоби со тешки повреди на главата и телото, нанесени од толпата насилници кои престанаа со ударите дури откако помислија дека е мртов.

Со овој текст немам намера да одржам лекција или комеморација на овој датум, а уште помалку да ги потсетувам оние што молчат дека овие настани се обврска за гласност и акција. Сакам да ја алармирам јавноста, граѓанките и граѓаните.

Не може и не смее да се молчи за неказнивоста. Не може да се молчи за насилството и стравот и поделбите што сакаат да ги предизвикаат тие што не ѝ мислат ништо добро на земјата. Молкот нема да помогне во решавањето на проблемите. Нема да ја зајакне демократијата и владеењето на правото. Само ќе ја поттикне неказнивоста, ќе ги охрабри екстремистичките и авторитарните тенденции. А со оглед на тоа што мотивите за Крвавиот четврток (и сите настани што му претходеа) имаа ултра-националистичка основа – омразата, поделбите и тензиите меѓу етничките заедници само ќе продолжат да се продлабочуваат.

Затоа…

Молкот не е опција. Поточно, не е добра опција. Молкот е соучесништво. Не можеме да дозволиме да се нормализира насилството, да не се казнува омразата и уривањето на институциите на државата, и да се голта пропагандата што поттикнува омраза, дискриминација и насилство. Крвавиот четврток и сите настани што следеа во годините потоа, до денес, не се изолирани инциденти – тие се сигнал за длабоки системски проблеми, но и за операција што се обидува да ги поткопа темелите на државата каква што ја знаеме и да ја промени нејзината ориентација. Ако дозволиме да потонат во заборав Крвавиот четврток и сите слични настани и тенденции, ќе изгубиме и многу повеќе отколку што веќе изгубивме досега. Ќе ги изгубиме, и онака веќе загрозените вредности на демократијата, правдата, единството, слободата. Крвавиот четврток не беше само напад врз Собранието – тоа беше напад врз целата држава, врз сите нејзини граѓанки и граѓани, сите заедници – напад врз иднината. Крвавиот четврток не смее да остане само како сеќавање за кое никој не сака ни да зборува.

Мора да избереме. Од една страна се неказнивоста, корупцијата, насилството и авторитарното владеење. Од другата страна се правдата, одговорноста и демократијата. Не одат заедно. Тие се исклучуваат меѓусебно. А молкот? Молкот е чекорење кон амбисот.

Па, пријатен молк и нека ви е „честит“ Крвавиот четврток!


Текстот е личен став на Авторот.
Tags: 27 април 2017демократијакрвавиот четвртокрежим
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ