„Талат Џафери ја прекинал седницата поради однесувањето на колегата Мухамед Зекири. Не знаев дека ‘лавот од Форино’ бил толку чувствителен“, напиша пратеникот Павле Богоевски на својот Фејсбук статус.
Според Богоевски, Џафери можеше да го трпи криминалецот Никола Груевски кога сакаше да се тепа со него за Законот за јазици.
„Не, Талат. Ти ја прекина седницата бидејќи се’ уште твојата партија е во коалиција со криминалната банда на ДПМНЕ. По сите драми и лаги дека на еден член му се слошило, а сте испратиле возила по другата заменичка. Не ви дозволивме да ја упропастите работата за време на комисиската расправа, ете затоа ја прекина седницата. По парламентарните избори, го извадивме ДУИ од ВМРО. Очигледно, не успеавме да го извадиме ВМРО од ДУИ“, истакна Богоевски.
Д.М.