Џабир Дерала, ЦИВИЛ, пред почетокот на првата средба меѓу ДКСК и организациите на граѓанското општество, им честиташе на новоизбраните членови на Комисијата и истакна дека треба да се одбележи добрата работа што ја заврши Секретаријатот на ДКСК во десетте месеци кога оваа институција беше обезглавена. Тој порача дека мора да се работи на јакнење на независноста на оваа институција, нешто што и новиот Закон за спречување на корупцијата не докрај го овозможува.
„Државата не смее да штеди во борбата против корупцијата“ – порача Дерала – „Пред ДКСК стојат предизвиците во предизборниот период. Очигледно е дека има волја, очигледно е дека има искусни и храбри луѓе во Секретаријатот. Сега е важно и ДКСК и медиумите и граѓанските организации да работат заедно“.
Ангела Петровска
камера и монтажа: Ариан Мехмети