Од денешните поенти на Џевдет Хајредини издвојуваме:
Не со Ципрас, туку и со Мицотакис, Заев ќе се справеше полесно за името, отколку со Али Амети за реформите во судството и во државната администрација.
Талат Џафери, освен што го спаси имунитетот на организаторот на пучот, ќе ни остане во сеќавање и по тоа како медијаторот Питер Ванхауте трчаше по ходниците на Собранието да го спречи во намерата тој, заедно со Крсто Мукоски, да не поднесат предлог закон за забрана на објавувањето на „бомбите“ на Заев, не само во Македонија, туку и во странство.
Помислив дека од неговата партија само тој ќе остане во позитивно сеќавање по успешното претседавање со Собранието на Македонија во исклучително сложени околности. За жал, и тој ја пропушти шансата.
Џевдет Хајредини, реномиран експерт за финансии и извонреден политички аналитичар, секојдневно објавува кратки пораки и поенти за политичкото секојдневие на Македонија. Неговите пораки секогаш се добра гимнастика за подобрување на морално-политичката кондиција на општеството. Денешната поента се однесува на изјавата на министерот за финансии, Драган Тевдовски, кој изјави дека јавниот долг во земјава е стабилизиран.
фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ
Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста