• Latest

28 март – Алијансата за Албанците и Беса со поддршка за СЈО, Јанкуловска со намалена казна, ЦИВИЛ со дебата против говорот на омраза

March 28, 2019
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

28 март – Алијансата за Албанците и Беса со поддршка за СЈО, Јанкуловска со намалена казна, ЦИВИЛ со дебата против говорот на омраза

March 28, 2019 16:16
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Финансии

Министерството за финансии денеска на конференција, пред претставници на Европската комисија, ОЕЦД и СИГМА, беше презентирана „Политиката за внатрешната финансиска контрола во јавниот сектор“, односно стратегијата за идниот развој на јавната внатрешна финансиска контрола. Од Европската комисија истакнаа дека сме прва земја во регионот која изработила ваква стратегија.

Министерот за финансии Драган Тевдовски  посочи дека јавната внатрешна финансиска контрола е дел од идните преговори со ЕУ. Тоа поглавје, според искуството на некои од земјите од регионот, е меѓу посложените во однос на усогласување со меѓународните стандарди и најдобрите практики на ЕУ. Меѓутоа, истакна Тевдовски, нашата земја досега има спроведено неколку твининг проекти за јавната внатрешна финансиска контрола, така што тој очекува дека подготвено ќе ги дочекаме преговорите.

Од Европската комисија посочија дека реформите ќе обезбедат потранспарентно и отчетно носење на одлуки.

Судења

Гордана Јанкуловска поранешната министерка за внатрешни работи,  доби 4 наместо 6 години затворска казна за случајот „Тенк“ одлучи Апелацискиот суд во Скопје.

„Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет во јавноста познат како „Тенк“ , по одржана јавна седница, донесе пресуда со која жалбите на обвинетата Г. Ј. од С., делумно ги уважи на начин што ја преиначи првостепената пресуда во делот на одлуката за казната и обвинетата ја  осуди на казна затвор во траење од четири години. Апелациониот суд Скопје во останатиот дел првостепената пресуда во целост ја потврди“ се вели во сооопштението на судот.

Собрание

Денеска во Собранието беа закажани пратенички прашања, а премиерот Зоран Заев се сретна и со лидерите на албанската опозиција, Зијадин Села од Алијансата на Албанците и Билал Касами од Беса, на којашто  изразиле поддршка за опстојување на СЈО како посебен орган во рамки на Јавното обвинителство кое ќе има ефикасни надлежности.

Средбата доаѓа во период кога власта е во потрага по 80 пратенички гласа за да се донесе новиот Закон за јавно обвинителство со кој се решава и судбината на СЈО.

ЦИВИЛ – активности

Хроника 

„Претседателот на Собранието, Талат Џафери, уште сега најави дека се сомнева во злоупотреби за време на изборната камапања. Поточно неговата изјава дека во овој период пратениците се наклонети кон злоупотреби па затоа нема да закаже собраниска седница за време на претседателската кампања дури и да се договорат партиите за СЈО. Што се однесува до Џафери, СЈО може да чека и до 6 мај.“, се вели во предизборната хроника  на ЦИВИЛ Медиа  – „Во немилост на изборите“, меѓу другите активности и информации за претседателските избори.

Панел дискусија: Со аргументи и вистина против говорот на омраза

На панел дискусијата „Со аргументи и вистина против говорот на омраза“, во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода, се зборуваше за говорот на омраза и црната кампања, пред почетокот на официјалната кампања за изборите.

Како медиумите влијаат на ширењето на говорот на омраза, но и влијанието на социјалните мрежи, неказнивоста и заспаноста на институциите беа само дел од темите на којшто разговараа Дехран Муратов од ЦИВИЛ во улога на модератор на дискусијата, новинарката Кристина Озимец, активистката Мерсиха Смаиловиќ и комуникологот Сефер Тахири.

Д. Тахири

Share55Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ