Во една од рекламите на Гордана Сиљановска има сцена со неколку штабски ботови офарбани во лицето директно цитирајќи нè нас, шарените и повикуваат да се гласа за неа. Скандалозно е искористувањето на референцата со фарбаните лица и паролата “нема правда нема мир” (за кои патем треба да се провери дали е легално), за полза на партијата против која се протестираше и се покрена едно такво историско движење.
Јас како една од вистинските шарени револуционери оваа прилика ја користам да се оградам од тој ефтин обид да се манипулира јавноста.
Вистинските Шарени Револуционери никогаш не би поддржале регрес и поделби, насилство од кое ниту таа ниту ВМРО се уште се немат оградено и протнување големи идеи на мали врати за ситни политични поенчиња.
Брука сте и имате среден прст од барем едно од тие шарени лица кои само до пред една година ги нарекувавте хулигани, платеници, предавници, наркомани…
Фејсбук статус на Ирена Стеријовска