Еден поглед од високо, како илустрација на отпорноста кон сè што носи Договорот од Преспа, вклучувајќи ја и посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Како што вели авторот на фотографијата, Ермин Климента, не повеќе од 15 луѓе со знамиња со сонцето од Вергина, протестираат на Плоштад Македонија. Колку што може да се забележи има повеќе туристи, од протестирачи.
Тие, сакајќи или не, повеќе изгледа го бранат споменикот на Александар Македонски. Кој знае, можеби шпекулациите не се тоа, па Ципрас мисли да си го земе, како сувенир, на заминување.












