Министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска, денеска за медиумите изјави дека, во дел од амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за Јавното обвинителство каде пишува дека СЈО си ја завршило работита и целта е постигната, уште има работа за СЈО во однос на злото корупција.
“Целта, во еден ден е постигната, а тоа дека се покажа дека во Македонија може да функционираат институции коишто ќе значат капацитетна борба против корупцијата. Но, мора да бидеме свесни дека злото-корупција треба да биде целосно искоренета со казнување на сите минати случаи но и со превенирање и евентуално казнување, ако постојат евентуално идни случаи. Во тој дел не се согласувам дека треба да заврши мисијата и работата на СЈО, напротив сметам дека ќе пратиме сериозна порака ако овозможиме трајно функционирање на СЈО“, изјави Дескоска.
Таа појасни дека целта на Законот за јавно обвинителство се реформи коишто ќе значат приближување на државата до членство во ЕУ .
„Прашање е на пратеничките групи на политичките партии дали ќе сакаат да се вградат во евроинтегративните процеси или ќе стават приоритет на штитење на криминалот во сопствените редови“, изјави Дескоска на новинарско прашање за можноста од постигнување на двотретинско мнозинство за законот.