Како да станете граѓански новинар, како да придонесете за транспарентни политички процеси и активно да учествувате во донесувањето на одлуки на локално и национално ниво, се дел од прашањата на кои одговорот ќе може да го најдете на јавниот настан кој го организира ЦИВИЛ во среда, 4 април, во 18 часот во старата скопска чаршија, пред платото на Универзитетот на ЈИЕ.
Тимот на ЦИВИЛ ќе ги проектира досега наградените трудови на граѓанските новинари во рамките на проектот Граѓански објектив, а ќе биде достапен да одговори на прашањата на заинтересираните граѓани за проектот и за условите за учество во месечните натпреварувачки циклуси во проектот.
Со музика, проекции и разговори, ЦИВИЛ ќе се обиде да го промовира граѓанското новинарство, но и да им објасни на граѓанките новинарки и новинари како можат да помогнат во изборното набљудување за престојните претседателски избори.