• Latest

ДКСК упати повик до јавноста за пријавување на сите изборни нерегуларности

April 3, 2019
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
Џабир Дерала, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Џабир Дерала: Северна Македонија ќе влезе во ЕУ, само ако со тоа се согласи Белград

August 15, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 15, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Руски, српски, разни други светови има, а македонски свет има ли?

August 15, 2026
Училишта и општински згради беа претворени во мачилишта за украинските цивили | Херсон, 2022 година.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Ова е тоа на кое би се предале“: Белешка за руските ѕверства во Херсон, Украина

August 14, 2026

Два јубилеи и една дијагноза

August 14, 2026
Сумска област, Украина, 14 август 2026 (фото извор: Сумска ОВА)

РУСКИ ТЕРОР: Станбена зграда во Краматорск уништена со наведувана бомба, мајка и деветгодишен син убиени во Сумската област

August 14, 2026
Петрит Сарачини, претседател на Институт за медиуми и аналитика (ИМА), Скопје, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Сарачини: Влијанието што го има во Македонија, Србија го користи како чип во играта со Западот

August 14, 2026

Водата се прочистува, но довербата останува загадена: Гостивар по најголемата здравствена криза

August 14, 2026

Путин, криптото и следната будала

August 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ДКСК упати повик до јавноста за пријавување на сите изборни нерегуларности

April 3, 2019 14:23
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Тематската прес-конференција на Државната комисија за спречување корупција за претседателските избори и локланите избори во Охрид, Дебар и Ново Село, беше истовремено и повик до сите граѓанки  и граѓани, граѓански организации што вршат изборен мониторинг и со кои соработуваат, но и до медиумите да ги искористат ресурсите што ги нудат во потрага на изборни нерегуларности.

Поткуп на гласачи, злоупотреба на службени возила за митинзи и други партиски активности, трошење на јавни пари, финасирањето на изборната кампања и други нерегуларности во текот на изборната кампања се дел од она што ДКСК ќе го следи во наредниот период.

„Државната комисија во функција на следењето и контролата на законитоста на финансирањето на изборната кампања и на севкупниот изборен процес ќе остварува непосредна соработка со медиумите, здруженијата на граѓани и со граѓаните и за таа цел ја охрабрува целокупната јавност навремено да ги пријави конкретните случаи на прекршување на забраните утврдени во Законот за спречување на корупција и судирот на интереси и во Изборниот законик“, изјави Ивановска.

Таа додаде дека на веб страницата на ДКСК е објавена форма на Пријава за сомневања за незаконитости и прекршувања во изборниот процес и во изборната кампања што може да ја пополни секој што има сознананија за евентуални прекршувања на одредбите на Изборниот законик. Исто така, потсети дека може да се користат информациите од Регистарот за службени возила на државни органи, локалната самоуправа и сите останати што користат државен капитал.

„ДКСК нема да дејстува на терен, тоа е спротивно на законот. Но, ние соработуваме со организации што имаат свои акредитирани набљудувачи што ќе имаат теренски активности и ќе можат да пријавуваат кај нас“, рече Ивановска.

Биљана Јордановска (текст и монтажа)
Камера: Ариан Мехмети

Share17TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ