Дефиниција на зборот сидро: Железно орудие што служи за врзување на пловни објекти. Обично се користи синонимот котва со преносно значење дека нешто се зацврстува, задржува, останува во едно место.
Па, така, најверојатно гледајќи ја нашата земја како брод кој плови по бурни води, ама никаде не оди, премиерот Зоран Заев, не знаеме како мислел дека со усидрување ќе одиме напред или ќе најдеме сигурен правец кој ќе нѐ води кон подобра иднина.
„Конечно да избереме претседател, да поставиме кормило, да ставиме сидро кое што ќе влече напред, ќе оди со позасилено темпо“ изјави Заев на вчерашната конвенција на кандидатот за претседател, Стево Пендаровски.
Мисла за паметење и раскажување: Ееее, во наше време имавме едно сидро што нѐ влечеше напред и се викаше Стево…
Б. Јордановска












