• Latest

Кампања: „Рокери с Мораву“

April 11, 2019

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кампања: „Рокери с Мораву“

April 11, 2019 17:12
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Дехран Муратов

Митинзите на претседателските кандидати продолжуваат да бидат забавни. Собирите повеќе наликуваат на стенд-ап комеди кои служат за забавување на народот, отколку да пренесат некоја порака од нивната програма.

Лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, на синоќешниот митинг во Тетово, истакна дека Гордана Силјановска Давкова тргнала по стапките на Христијан Мицкоски, а тој по Никола Груевски.

„Не нудат ништо. Како ќе и ги задржиме младите без НАТО и ЕУ. Не кажуваат ништо, не нудат ништо, зборуваат за минатото. Има една песна се вика „Strangers in the night“, како странци во ноќта се, изгубени до крај. Затоа ќе победи Стево Пендаровски… Гледам и некое братство овде било, христијанско и тие се закануваат, не знам дали се христијанско братство по христијанството или по Христијан. Бидејќи во христијанството нема закани туку помагање, топла насмевка, како што има во муслиманството. Доста беше делби и поделби, време е да се сплотиме“, истакна првиот човек на социјалдемократите.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му возврати на Заев и му порача наместо да си потпевнува на митинзи „Stranger in the night“, време е да ја научи „Wind of change“, поради се лошо што и приредија на Македонија, и дека оваа песна ќе му ја испее народот на 21 април и на 5 мај оваа година.

Кампањата почна да наликува на пародиите на „Рокери с Мораву“. Овие надежни политички „рокери“, порано се препукувале со ех-ју рокерски песни како што е „Погледај дом свој анџеле“ и „Лутка са насловне стране“, сега се малку помодерни и се препукуваат со странски песни, за и странците да ги разберат. Нели ЕУ, НАТО…

Мицковски е загрижен дека Шуто Оризари е поразот на оваа влада, и примерот како се живее и во сите други места во државава. „Залудни се говорите за висока политика, кога тука луѓето едвај врзуваат крај со крај. Ова мораме да го смениме. Мора да се донесе правдата, да победи волјата на граѓаните“, додал тој.

Како да му се објасни на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешниот советник на Груевски, дека 11 години во нивното владеење жителите на Шутка живееле уште полошо. Или тогаш мед и млеко течеше по улиците?! Или тогаш Мицковски не ни знаел дека постои таква општина, одалечена околу 10 минути од центарот на Скопје?

Тој пред жителите на Сопиште истакна дека гласот за Стево Пендаровски кандидатот за претседател од СДСМ, е всушност глас даден за Зоран Заев, бидејќи и самиот Пендаровски изјави дека е ист како Заев со 102,5 проценти.

Кандидатот за претседател, Блерим Река, беше во Брвеница во придружба со лидерот на Алијанса на Албанците, Зиадин Села и лидерот на движење Беса, Билал Касами.

„Дојде време за претседател Албанец, затоа што и Албанците се граѓани на оваа земја. За да може да го живееме концептот за една Република за сите, треба да постои реална еднаквост, а не само формална за сите граѓани на оваа земја. Македонија како мултиетничко опшество не може да функционира како моноетничка земја. Затоа на 21 април вашиот глас е глас за промена, глас против корупцијата и против неправдата“, рече Река

„Ни продаваат приказни дека сме станати правна држава дека функционира концептот едно општество за сите а во практиката сè се сведува на амнестирање на криминалци. Затоа професорот Река е надежта за подобар живот и подобар статус на Албанците во Македонија“, додаде Села.

„Подобар живот за Албанците“, а животот за другите етнички заедници, ќе почека. Или?

Независната кандидатка за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, се загрижи за лекарите откако прочита една објава на „Левица“ според која во последниве 3 месеци дури 83 лекари побарале дозвола од Лекарската комора да работат во странство.

„Овој егзодус на здравствените работници мора итно да се спречи затоа што граѓаните ќе нема кој да ги лечи што е неприфатливо за земја која зборува за европски стандарди“, додаде таа.

Само фали уште да напише од кое „крило“ на Левица ја дознала оваа информација.

Share23TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ