• Latest

Многу врева за…?!

April 19, 2019
Христијан Мицкоски, 2022 (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

Мицковски и неговите говори: Просто да ти е милина што сме „скандинавска земја“

May 9, 2025

САД и Обединетото Кралство објавија нов трговски договор; За Трамп значи отворање огромен пазар, за Стармер е историски ден

May 8, 2025

Ватикан избра прв понтиф од САД; Роберт Превост е новиот папа Лео XIV

May 8, 2025

Парада на срамот и злосторството: Руските агресори не се ослободители, туку злосторници – ја присвојуваат победата над нацизмот

May 8, 2025

(ГАЛЕРИЈА)Масакрот во Корјукивка, Украина: Најбруталната казнена акција на нацистите во Втора светска војна

May 8, 2025

24 ЧАСА: Европа го одбележува Денот на Победата; Според Штајнмаер, Путин ја искривува историјата и ги крие злосторствата; Вучиќ „му фрли ракавица“ на Брисел

May 8, 2025

Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

May 8, 2025

Дурмиши повторно предупредува: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе се преземат поригорозни мерки

May 8, 2025
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Многу врева за…?!

April 19, 2019 23:33
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дијана Тахири

Заврши предизборната кампања за претседател, што се однесува до првиот круг од гласањето.  Се чини дека кандидатите не се изморени и покрај секојдневните посети по разни општини, гостувањата по телевизии, интервјуа и понекое кафе испиено помеѓу макотрпната работа во натпреварот за претседателското столче.

Како најкооперативни, во смисла на навремено известување за своите активности, барем што се однесува до нашата организација – ЦИВИЛ-Центар за слобода, до последниот ден на кампањата беа штабовите на  кандидатот Стево Пендаровски и Блерим Река. Од нивните штабови секојдневно добивавме службена информација за активностите на кандидатите што се одвивале претходниот ден, како и известувања за следни активности. Од штабот на кандидатката Силјановска -Давкова ниту еднаш не не удостоија со информации за нивните активности.

Кандидатот Блерим Река синоќа имаше голем митинг во Тетово, со присуство на лидерите на партиите што ја поддржуваат неговата кандидатура, Билал Касами и Зиадин Села, и лидерот на „Самоопределување“ (“Vetëvendosje”) од Република Косово, којшто по втор пат доаѓа на собирите на Блерим Река. Претходно беше присутен на митингот во Куманово.

Река им се обрати на многубројните поддржувачи во Тетово со благодарност за нивното масовно присуство.

„Ова ваше бројно присуство е најубедлив одговор кон тие што овие денови со говор на омраза најавуваа погреби и се бавеа со починатите од моето семејство.

Вечерва, заедно со вас го финишираме патот на победата, вечерва, ја пишуваме новата историја: за една Републикатa за сите, со законот над сите! За Републиката, кадешто владее правото, а не поединецот!

Против заробената, приватната и празната држава, против корупцијата, непотизмот и селективната правда! Посебно против трговијата со гласови!” рече Река, меѓу другото, во својот говор пред бројните поддржувачи во Тетово.

Стево Пендаровски, заедничкиот кандидат за претседател, на средба со жителите на Валандово, порача дека Валандово и цела Македонија на 21 април и 5 мај ќе слават победа на опцијата која нуди економски развој, подобар и побогат живот, повисок животен стандард и сигурна иднина.

Пендаровски пред граѓаните порача дека со решавањето на отворените прашања се отворија вратите кон ЕУ и НАТО и затоа потребно е да се искористи позитивниот момент и да продолжи процесот на интеграција во двата најголеми светски сојузи.

– Затоа, во недела на 21 април масовно да гласаме за број 3, да победи концептот на напредок, на инетргација и развој. Продолжуваме заедно напред, повика Пендаровски.

Кандидатката Силјановска – Давкова вчера имаше собири и средби со своите поддржувачи во Кратово и Крива Паланка. Таа се пофали дека ја добила поддршката од Joseph Daul, претседателот на EPP( Европската Народна Партија), десничарска партија којашто идеолошки одовара на партијата што ја поддржува Силјановска, а за којашто партија (ВМРО-ДПМНЕ) таа во текот на целата кампања тврдеше дека не членува, ниту има друга врска освен што ја поддржува нејината кандидатура. За два дена пред изборите да изјави дека е горда што е ВМРО! Ништо ново. Силјановска во Кратово порача дека сега жените имаат историска шанса да покажат дека се големи мажи, а за оваа нејзина изјава имаше реакции дека ги навредила жените. Или можеби себе?

Во сета врева околу претседателските избори, предвремените локални избори во општините Дебар, Охрид и Ново Село не  добија доволно внимание од медиумите и од јавноста. Најверојатно на самиот ден на изборите некој ќе се сети дека финалниот избор и решение за овие општини, а посебно за Дебар, ќе бидат одредници за следните парламентарни  избори, односно, игрите и договорите  на коалициските партнери меѓу себе, а и со опозицијата.

Вечерва во 21 часот, кандидатите за претседател на Република Северна Македонија учествуваа на последната заедничка дебата на ТВ 21.

За Блерим Река, кампањата поминала во добра и фер атмосфера, со многу коректен однос помеѓу кандидатите. Но, се пожали на говорот на омраза од страна на одредена политичка партија, односно високи членови, на што всушност бевме сведоци во иминатите денови. На тоа се надоврза и Пендаровски, и изјави дека го осудува секаков валкан јазик и говор на омраза кон него и неговите противкандидати. Силјановска се осврна врз атакот врз родова и физичка основа, како и за содржината на билборд од спротивниот поддржувачки тим.

На завршната дебатата, очигледно кандидатите и кандидатката се опуштија и се пожалија јавно за односот на одредени лица и групи кон секого од нив. Во однос на амнестија од страна на претседателот, секој од кандидатите се изразија дека тоа е во рамките на Министерството за правда, со една забелешка од Силјановска, којашто го интерпретира поимот амнестија и помилување според своите?!? перцепции. На што Пендаровски и Река реагираа со укажување на досегашните „дела“ на актуелниот претседател на државата. И оваа дебата помина во пинг -понг манирот што низ целата кампања успешно го негуваа Силјановска и Пендаровски. Силјановска со упорна дистракција на дадените прашања накај делата и неделата на актуелната власт, а Пендаровски упорно со одговарање на секоја нејзина провокација. Река на дебатите, до последната, ја играше улогата на балансер и ублажувач на бескрајните префлувања на двајцата други противкандидати. И, сигурен дека ќе биде претседател на државата. А гласањето се уште не започнало.

Останува нејасно зошто во концептот на завршната дебата помеѓу претседателските кандидати, право на прашања, односно изборот на публиката што им поставуваше прашања на кандидатите, беа од штабовите на претседателските кандидати. Прашањата од публиката беа очигледно спремени за дисквалификација на противкандидатите, нула од сопствена мисла и перцепција.

Од кандидатите се очекуваше да покажат свои согледувања за европските прилики, во смисла на следните европски избори, малку повеќе фокусираност кон надворешната политика и дипломатијата, коишто се во доменот компетенции на претседателот, помалку парламентарни и партиски влијанија и толкувања, јасна слика за членството во НАТО и чекорите кон ЕУ. Тоа не се случи, односно, се промаши заради фокусираноста на меѓусебните обвинувања и класификации. За жал.

Како и да е, кампањата заврши, од полноќ започнува предизборниот молк и конечно еднодневен одмор барем од изјави и активности на кандидатите и партиите им подржувачи. Дали ќе се придржуваат до молкот, секако дека јавноста ќе биде известена.

Тимот на автори на ЦИВИЛ Медиа будно ја следеше кампањата и активностите на кандидатите, и ја документираше со секојдневна изборна хроника во рубриката Избори 2019, и ќе го следи предизборниот молк, како и изборниот процес во недела на 21 април во текот на денот и вечерта по гласањето, со редовни известувања од набљудувачите на ЦИВИЛ од терен и тимот за комуникации на организацијата.

Довидување по 21 април!

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share49Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ