• Latest

Министерот Бектеши ќе плати казна до 500 евра, иако не влијаел при вработувањето на сестра му

April 25, 2019
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Министерот Бектеши ќе плати казна до 500 евра, иако не влијаел при вработувањето на сестра му

April 25, 2019 12:48
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Ќе платам сѐ што треба, станува збор за технички пропуст, но за мене е најважно дека Антикорупциската комисија ја потврди мојата изјава дека не сум влијаел при вработувањето на сестра ми, изјави за Плусинфо, министерот за економија Крешник Бектеши.

Антикорупциската комисија вчера одлучи да поднесе прекршочна пријава до министерот, бидејќи како што рече членот на Комисијата Владимир Георгиев, во апликацијата што ја приложила сестрата на Бектеши, Влора, стоела истата адреса на која живее министерот. Функционерите по службена должност треба да ја известат Антикорупциска за вработување на член од семејството во јавниот сектор.

„Ако сум направил технички пропуст откако е вработена сестра ми ќе ги почитувам законите и ќе платам. За мене е важно дека Антикорупциска утврди дека не сум влијаел при вработувањето на сестра ми“, изјави Бектеши.

Тој додаде дека денеска ќе провери дали до Министерството за економија е доставена прекршочната пријава за него. Тој не можеше да ни одговори дали ќе оди во Антикорупциска за да ја искористи можноста за порамнување, која му ја дава Законот за судир на интереси. Тој вели дека допрва ќе се информира, но оти не му е важно дали ќе ја плати целата сума.

Според Законот за судир на интереси, Бектеши треба да плати глоба од 300 до 500 евра. Од Антикорупциска велат дека министерот ќе биде повикан кај нив за ако сака да ја искористи законската можност за порамнување, односно доколку Бектеши појде во Комисијата ќе плати половина од глобата или 150 до 200 евра.

Во спротивно, Антикорупциска ќе поднесе прекршочна пријава за Бектеши и министерот глобата ќе треба да ја плати по судска одлука.

Бектеши ни изјави дека не знаел оти сестра му не ја сменила адресата на живеење. Тој објаснува дека сестра му се омажила во село каде улиците немаат име и број, а бидејќи работела на докторатот во странство ја задржала адресата од семејната куќа заради комуникација со универзитетот.

Сепак, Антикорупциска останува на ставот дека има сомнеж за влијание на министерот при вработувањето на сестра му, бидејќи директорот на МЕПСО имал дискрециско право да избира кого ќе вработи од петте кандидати кои влегле во најтесниот избор, при што за 23 работни места се пријавиле 896 лица, а за местото за кое конкурирала Влора имало 73 кандидати. Според Комисијата, не се знае точно како токму сестрата на министерот била избрана меѓу петте селектирани кандидати, бидејќи не постои записник од бодирањето и дека Владата треба да се извести за овој случај, а надзорниот одбор на МЕПСО треба да изврши увид во работата.

Бектеши останува на ставот дека не влијаел при вработувањето на сестра му.

Кога се обелодени случајот Бектеши изјави дека сестра му е мажена и дека не живее со него и оти таа има право да работи. Тој тврди дека како министер за економија немал никакво влијание врз МЕПСО, зашто со новиот Закон за енергетика оваа компанија е под Министерството за транспорт и врски.

„Мојата сестра е доктор по правни науки, има завршено во Италија и секој граѓанин има право да конкурира. Дали јас сум влијаел? Ви кажав дека немам како да влијаам и не би влијаел за никакво вработување, а тука се вклучува и мојата сестра, но тоа не значи дека мојата сестра или моите роднини немаат право да конкурираат по јавни огласи само зашто се мои роднини. И моментално мојата сестра не живее со мене, таа има свој живот, таа е мажена и секако и таа би сакала да најде работно место“, изјави неодамна Бектеши.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ