Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во интервју за германската агенција ДПА, изјави дека може да дојде да се дестабилизира целиот Балканиски регон, доколку се одложат пристапните преговори на ЕУ за земјите од Западен Балкан, што покажале како што е Северна Македонија.
Хан го даде интервјуто пред состанокот кој ќе се одржи в понеделник во Берлин во организација на германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон со претставници на земјите од Западен Балкан.
„Особено ризично би било доколку на Северна Македонија и се одбие или одложи отворањето на преговорите за членство“, нагласил Хан, сметајќи дека ако таа земја сега биде разочарана по триесет годишниот спор околу името и покрај спроведените реформи, тогаш постои опасност за внатрешна дестабилизација со соодветни последици за целиот регион.
Неговите очекувања се дека до крајот на следниот месец Европската комисија ќе даде позитивна препорака за Северна Македонија и Албанија за отворање преговори за членство во ЕУ врз основа на критериумите кои едногласно ги усвоиле земјите членки.
Еврокомесарот, меѓу другото, истакна и дека главна цел на состанокот во Берлин треба да биде изнаоѓање на решение за блокадата на дијалогот меѓу Србија и Косово.
„Јасно е дека одржливо решение мора да дојде од двете земји за кои станува збор, кои на крајот мора да постигнам можен договор и да им го претстават на своите граѓани. Однадвор наметнато решение не може да дејствува“, изјави Хан во интервјуто за ДПА.